ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Европската агенда на Северна Македонија мора да биде приоритетна за сите политички актери

October 30, 2023 15:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Враќањето на проширувањето на агендата на Европската Унија по создадениот геополитички и безбедносен контекст претставува извонреден повик за сите земји кои се стремат за европска интеграција. Во овој контекст, време е сите политички чинители да се обединат за европската агенда на Северна Македонија, како приоритетна агенда на сите чинители во државава, истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи на денешната дискусија со граѓани насловена „Новите геополитички случувања и влијанието врз Северна Македонија“, организирана од Институтот за европска политика.

-Она што е различно овој пат, на нашиот европски пат, кој воедно е своедна раскрсница за нас, е тоа што кај нас е топката дали ќе успееме во овој геополитички момент, во овој временски теснец да се протнеме низ вратата на ЕУ која води кон забрзана интеграција за државите со докажан проевропски курс. Тоа претпоставува усвојување на уставните измени за да можеме да чекориме напред во нашиот пристапен процес, рече Османи, соопшти МНР.

Доколку не успееме да се качиме на тој воз, според министерот за надворешни работи, ќе ја следиме траекторијата на движење на оние држави од Западен Балкан, кои многу мачно и бавно ќе се движат во поглед на идно членство на ЕУ, бидејќи ќе влеземе во групата на држави од регионот што имаат отворени билатерални прашања кои треба допрва да ги решат пред да продолжат со евроинтеграцијата.

Повторното отворање на билатералните прашања со Бугарија, додава тој, нема да биде поповолно од она што сега е.

Од друга страна, според министерот, принципот на заслуги мора да остане апсолутен императив во односите меѓу Унијата и земјите кандидати.

Kога нашите земји ќе ги испорачаат сите во нивните досиеја, ЕУ мора да испорача. Ова е крајниот мотиватор и се надеваме дека ЕУ ќе може да донесе важни одлуки за регионот во декември, оваа година, вели Османи, кој се осврна и на други актуелни прашања од надворешната политика на земјата.

На настанот кој се одржа на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје со свои видувања учествуваа и професорот од овој факултет Ненад Марковиќ, кој е и член на Совет за безбедност и Весна Попоска, деканка на Правниот факултет на Меѓународниот универзитет „Визион“, стои во соопштението.

Tags: граѓаниДебатаЕПИОсмани
Next Post

Судењето против медицинската сестра од Онкологија одложено за 4 декември

НАЈНОВО

Спектаклот „Bitola Art Mapping“ го означи крајот на „БитФест“

September 1, 2025

Денес прекин на струја во Бутел и Аеродром

September 1, 2025

Со нови учебници и алатки, започна учебната 2025/2026 година

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk