ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО МУЛТИКУЛТУРА

Толеранција или што ни фали?

Толерираме погрешни работи, толерираме криминал, неправда, а најгласни сме против неистомислениците. Најчесто не ги ни познаваме, ама знаеме дека треба да ги мразиме зошто не се „од нашите“. Толеранцијата се учи дома. Хуман пристап и хуман третман во 21 век се императив.

February 27, 2020 12:04
in МУЛТИКУЛТУРА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува АНА Н. СТОЈЧЕВСКИ

Толеранцијата е еден вид мерна единца за тонот на модерното живеење. Кај нас можеме да видиме како најсовремените концепти и идеи за единство се злоупотребуваат за себепромоција, искривување на факти, вонконтекстуални искази и ширење омраза. На секој основ. Во секој поглед. Тука, на ова парче балканска земја, слободата на говор се (зло)употребува за говор на омраза, тука демократија е криминалецот да одлучува кој ќе му суди. Тука, тоа е толерирано. Наспроти тоа, толерантноста кон ранливите и маргинализирани индивидуи е на незавидно ниско ниво.

Од мали сме учени да не ги исмејуваме различните од нас, од мали нé повредувало ако ни се смееле за нашите маани, недостатоци, но исто така сме во први редови да „пукнеме сеир“ на туѓата мака. 11 години толериравме диктатура со онаа стара македонска „наведната глава нож не ја сече“ и еве каде сме сега – хибридно општество, заглавено некаде меѓу европски и традиционални вредности. Да се потсетиме само на оној „контра простест“ паралелно со првата Парада на Гордоста во Скопје, каде традиционалци гордо носеа транспаренти со светци и погрдни пораки кон LGBTQ+, удираа на тапани и виеја оро со надеж дека со тој пагански ритуал ќе го „избават грешното“ од оние поинакви од нив. И тука е тоа лицемерие што не треба да се толерира. Ако е поразлично од твоето, не значи дека е погрешно. Познавам припадници на LGBTQ+ кои се верници. Земете го Ерик од серијата Sex Education за пример. Оди со дечко му во црква, дечкото (агностик)  мисли дека тоа го прави само за да не се кара со домашните, на што Ерик му кажува „јас сум верник“, по што дечко му додава „како веруваш во нешто што го негира твоето постоење?“

Како деца се учиме на емпатија, како возрасни забораваме што сме научиле како деца. Толерираме погрешни работи, толерираме криминал, неправда, а најгласни сме против неистомислениците. Најчесто не ги ни познаваме, ама знаеме дека треба да ги мразиме зошто не се „од нашите“. Толеранцијата се учи дома. Хуман пристап и хуман третман во 21 век се императив.

Негативната толеранција е можеби најболниот сегмент на македонското живеење. Се толерира сé што не треба, а се занемарува сé што е од клучна важност. Воспитувањето преку образованието затаи последните 12 години. Посебен проблем во оваа сфера е булингот во школите. И тоа трае. И нема решение, има толеранција. Повторно, негативна. Насилниците се толерирани, жртвата се преместува во друго школо. Некои од лицата во развој ја немаат јасно повлечено границата меѓу смешно и навредливо. И тоа е толерирано. Толериран е министер за образование што не знае македонски јазик, толериран е пратеник што јавно оди спроти секој интерес на државата, толерирани се сите накрцани кадри (и некадри) во администрацијата, а не доаѓаат на работа, толерирани се доктори што се нафаќаат на операција после некое фино „подмачкување“. Го игнорираме лошото на сметка на доброто.

И во секојдневието веќе толку е паднат прагот на толеранција, што на луѓето на лице им се гледа бесот и огорченоста зошто не е по нивно, зошто се они убедени дека се во право. Па тоа неретко знае да доведе и до агресија.

Толеранцијата не е вродена, таа се стекнува. Како навика. Толеранцијата не е „сврти го другиот образ“, туку пробај да му укажеш на тој некој што ти го шлапнал едниот образ дека има и друг начин на комуникација.


фотографија: Lucas van Oort / unsplash.com

Next Post

Возачот на камион негативен на коронавирус - Патниците од комбето засега во домашна изолација

Shortcut

Најново

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk