„Руската војска фрли две бомби врз градинка во областа Берислав“, напиша во своја објава на Фејсбук шефот на регионалната воена управа, Александар Прокудин, пренесува Укринформ.
„Руската армија уништи уште една образовна институција во Херсон“ стои во објавата.
Прокудин објави фотографија од последиците од непријателското гранатирање и посочи како изгледа денес детска градинка во една од населбите на Берислав.
„Денеска руската војска фрли две бомби врз институцијата која порано ги образуваше децата“.
Како што е соопштено, окупаторите од дрон нападнале 68-годишен маж во Змиивка.
Подготви: Марта Пешевска
Извор: ЦИВИЛ Медиа