„Христијан Мицкоски и Борче Јовчески се лицето и опачината на лагата и заблудата наречена ВМРО-ДПМНЕ! Кога политичари, носители на општествени и партиски функции ќе се осмелат да ги лажат најмладите, тоа значи дека го достигнале дното во својата бедна политичка кариера. Токму тоа, од истото ова место пред точно пред една година, го направија Јовчески и Мицкоски – ги излажаа дечињата од претшколска возраст дека за 252 од нив, вратите на новата градинка ќе бидат отворени во јануари, или најдоцна во септември. Помина јануари, помина и септември. Она што остана, е бесрамната лага на двајцата функционери на ДПМНЕ – Христијан Мицкоски и Борче Јовчески. Ветија – неостварија. Рекоа – излажаа!“, реагираат од СДСМ Прилеп.
Ниту после две години поминати во градоначалничкиот кабинет, Борче Јовчески не е способен да ја стави во функција детската градинка во населбата „Точила“, проект наследен од претходната локална власт, кој е од приоритетно значење за граѓаните на Прилеп, наведуваат од СДСМ Прилеп.
„Најголемото “достигнување“ во неколкукратно најавуваната и никогаш видена градежна офанзива, се четирите закрпени дупки со „последниот збор на градежништвото“ – ладниот асфалт! Да не е смешно, ќе беше трагично“, истакнуваат од СДСМ Прилеп.
Оттаму нагласуваат дека „Јовчески и ДПМНЕ после 750 дена практикување власт на локално ниво ре3ализирале НУЛА проекти“.
„Вистината е една: НУЛА реализирани проекти – тоа се резултатите на Јовчески и ДПМНЕ после 750 дена практикување власт на локално ниво! Вакво нефункционирање на локалната самоуправа и јавните комунални претпријатија, прилепчани не паметат. Препуштањето на „забот на времето“ на незавршениот објект на детската градинка во населбата „Точила“, е најдобриот доказ за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Борче Јовчески да ги решаваат проблемите на граѓаните на општина Прилеп“, се наведува во реакцијата