ДУИ донеле одлука за редуцирање на партиските активности во неопределен период заради спречување на ширењето на корона вирусот, извести портпаролот на оваа партија, Бујар Османи. Но, истовремено државните функционери на оваа партија, министерот за образование и заменик министерот за здравство, држеа прес конференција за активностите на државните институцуи, за справување со корона вирусот, од партиската говорница.
На прашање на новинарите зашто владини функсионери држат прес од седиштето на ДУИ, вицепремиерот Бујар Османи одговори дека тука се за да известуват за партиската одлука, а министрите се пивикани во својство на партиски секретаријати. Но наспроти ова, двајцата функционери на првото обраќање пред медиумите известуваа за активности на Министерството за Образование и Министерството за Здравство.
А. Зеќири