ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тужба на Репортери без граници: Новинарите убиени во Појасот Газа се жртви на воени злосторства

November 7, 2023 22:18
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ

Во израелско-палестинската војна досега загинаа 41 новинар. Триесет и шест од нив се палестински новинари убиени во израелските напади во Појасот Газа. Репортери без граници (РСФ) поднесе тужба до Меѓународниот кривичен суд поради извршени воени злосторства врз палестински и израелски новинари, и бараат итна заштита на медиумските работници, пишува АП.

Повеќе од 50 медиумски простории беа целосно или делумно уништени од израелските напади. Последна беше канцеларијата на агенцијата Франс прес. Никаде не е безбедно за новинарите во Појасот Газа, оценува меѓународната невладина организација фокусирана на заштита на правото на слобода на информирање.

Без разлика дали се на отворено, работат во шатори поставени во близина на болници или работат во своите домови или импровизирани засолништа со своите најблиски, новинарите во Појасот Газа кои продолжуваат да известуваат за една од најсмртоносните војни на овој век се во постојана, непосредна смртна опасност.

Репортери без граници поднесе тужба до МКС за воени злосторства извршени врз палестински и израелски новинари од почетокот на конфликтот во Појасот Газа на 7 октомври.

Според организацијата, тие биле убиени и повредени за време на нивната работа и биле жртви на напади кои „во најмала рака се воени злосторства што ја оправдуваат истрагата на обвинителот на МКС“.

Во тужбата на Репортери без граници, поднесена до обвинителството на МКС на 31 октомври, се наведуваат случаите на деветмина новинари убиени за време на својата работа од 7 октомври и уште двајца ранети, исто така, за време на нивната работа. Во текстот се наведува и намерно, целосно или делумно уништување на просториите на повеќе од 50 медиуми во Газа.

Според податоците на меѓународната невладина организација, од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас се убиени 34 новинари, од кои најмалку 12 за време на нивната работа – 10 во Газа, еден во Израел и еден во Либан.

Ова е трета тужба на Репортери без граници до МКС за воени злосторства против палестински новинари во Газа од 2018 година.

Првата беше поднесена во мај 2018 година поради новинари кои беа убиени или повредени за време на протестот „Големиот марш на враќање“ во Газа. Втората беше поднесен во мај 2021 година по израелските воздушни напади врз повеќе од 20 медиуми во Појасот Газа.

Репортери без граници, исто така, ја поддржа тужбата на Ал Џезира во врска со пукањето на палестинската новинарка Ширин Абу Аклех на Западниот Брег на 11 мај 2022 година.

Г. Т.

Tags: воени злосторстваГазаизраелМКСновинариРепортери без границитужбаубиство
Next Post

Антикризните мерки следната недела, Владата оптимист дека инфлацијата ќе биде под шест проценти до крајот на годината

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk