ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Грција – САД: Конзистентна имплементација на Договорот од Преспа

Стратешкиот дијалог, како што соопштуваат, ја потврдува заемната желба на Грција и САД за продлабочување на соработката во неколку области

October 8, 2019 09:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Договорот од Преспа и важноста на неговата конзистентна имплементација со добра волја, како и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во европските и трансатлантските институции се дел од заедничкото соопштение по одржаниот втор круг на стратешкиот дијалог меѓу САД и Грција.

Стратешкиот дијалог, како што соопштуваат, ја потврдува заемната желба на Грција и САД за продлабочување на соработката во неколку области како што се регионалната соработка, одбраната и безбедноста,борбата со тероризмот, трговијата и инвестициите, енергетиката и врските меѓу луѓето.

Во делот посветен на регионалната соработка, двете страни ги споделиле ставовите за Источниот Медитеран, Црното Море и Западен Балкан, истакнувајќи ја нивната заедничка визија за мирен и просперитетен регион, а го споменуваат и Договорот од Преспа.

-Ја повторија нивната решеност за поддршка на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во европските и трансатлантските институции, согласно со изборот на нивните народи. Тие препознаа дека добрососедските односи и мирното решавање на споровите се клуч за постигнување на ова цел. Според тоа, двете влади ја потврдуваат нивната намера да го поддржат владеењето на правото и демократските институции во регионот. Тие исто така се заложија да ја промовираат култура на компромис и помирување. Ги истакнаа напорите на Грција за таа цел, потенцирајќи го стапувањето на сила на Договорот од Преспа, а ја подвлекоа важноста на неговата конзистентна имплементација со добра волја, пишува во заедничкото соопштение во делот што се однесува на регионалната соработка.

Вториот круг од стратешкиот дијалог меѓу Грција и САД се одржа вчера во Атина, во присуство на високи претставници од двете земји.

Извор: МИА

Next Post

Уапсена иранската Анџелина Џоли

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk