ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Планот за раст на ЕУ предвидува 6 милијарди евра за Западен Балкан, од кои 1 милијарда евра може да ги искористи Северна Македонија

November 9, 2023 07:54
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Планот за раст на економиите на Западниот Балкан кој вчера го презентираше Европската комисија за прв пат алоцира пари за реформите со цел забрзување на социо-економскиот напредок.

Планот предвидува 6 милијарди евра за Западен Балкан, од кои 1 милијарда евра може да ги искористи Северна Македонија. Планот за раст исто така предвидува и можност за пристап до заедничкиот пазар на ЕУ пред полноправното членство, што значи дека нашите производи и услуги може да се пласираат на Единствениот Европски Пазар.

Ваквиот план на Европската комисија е скроен по барање на земјите од Западниот Блкан, со цел да се искористат привилегии и можности од зачленувањето во ЕУ пред време, односно додека траат преговорите.

Целта на ЕУ е до март 2024 година да направи прв трансфер на пари кон Северна Македонија и другите земји во регионот на Западен Балкан со цел да се забрза процесот на реформи. Планот за раст на ЕУ овозможува побрзо спроведување на реформи и повеќе средства за земјите од Западен Балкан

Како одговор на невидените предизвици со кои се соочува Западниот Балкан, а кои произлегуваат од потребата за заживување на економиите по Ковид пандемијата и актуелното влијание на руската агресија врз Украина, Европската комисијата предлага ЕУ да даде храбра понуда до земјите од регионот во форма на План за раст што ќе обезбеди можности за зајакнување на нивната социо-економската конвергенција, нивно доближување до единствениот пазар на ЕУ во многу области, како и значителната дополнителна финансиска поддршка.

Ова се наведува во Планот за раст на Западниот Балкан на Европската комисија што беше претставен вчера во Брисел и кој, според еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, има за цел да се поттикнат економиите на земјите во регионот во следните години и да се намали социо-економскиот јаз меѓу нив и членките на Унијата до крајот на оваа деценија.

– Сакаме постепено да го интегрираме Западен Балкан во единствениот пазар на ЕУ, дури и пред полноправното членство во ЕУ, изјави Вархеји, додавајќи дека Планот за раст ќе им помогне на партнерите на ЕУ од Западен Балкан да ги забрзаат основните реформи, вклучително и оние поврзани со владеењето на правото и демократијата, како и во привлекувањето приватни инвестиции, промовирање на одржлив економски раст и намалување на загадувањето.

Според него, долгорочната цел е да му се помогне на регионот да го постигне својот целосен потенцијал во однос на капацитетот за економски и социјален развој во споредба со земјите членки на ЕУ до 2030 година.

– Накратко, Планот за раст ќе создаде соодветни услови за нашите регионални партнери да станат членки на Унијата, заклучи Вархеји.

Поврзано: 

Европската комисија претстави План за раст на Западниот Балкан за постепено интегрирање на земјите од регионот во ЕУ и пред членството

Tags: ЕКЕУПлан за раст на Западниот Балкан
Next Post

Претпладне облачно со магла, попладне сончево

Shortcut

Најново

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk