ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Подобра патна инфраструктура, зголемени капацитети на комуналните претпријатија приоритети во Југозападниот плански регион

November 10, 2023 13:38
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Потребите за подобрување на локалната патна инфраструктура, зголемување на капацитетите на јавните комунални претпријатија и противпожарните единици преку набавка на возила и опрема, како и зголемувањето на енергетската ефикасност на јавните објекти во општините, беа утврдени како приоритетни во Југозападниот плански регион на првиот регионален форум во Струга со кој почна процесот на генерирање на проектни идеи за програмскиот период 2024/2025 година.

Центарот за развој на Југозападниот плански регион информира дека според утврдените приоритети, ќе креира проекти со кои ќе аплицира кај Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој.

На листата се најдоа и идеите за подобрување на образованието во функцијата на потребите на МСП и особено на занаетчиските дејности, а акцент беше ставен на потребите од подобрувањето на услугите во туризмот, имајќи ја предвид генералната слика дека Југозападниот плански регион е профилиран како најзначаен туристички регион во државата. Во овој контекст се истакнаа и потребите за подобрување на општата слика во животната средина, со акцент за решавање на проблемот со отпадот, соопшти Центарот за развој на Југозападен плански регион.

Во наредниот период најавија дека ќе бидат разработени проектните концепти, кои форумот ќе ги разгледа и оцени на втората сесија што ќе се одржи кон крајот на ноември.

Потоа ќе следува процесот на подготовка на потребната техничка документација и обликување на проектните апликации по што Советот за развој на регионот ќе утврди со кои проекти Центарот за развој ќе аплицира кај Министерството за локала самоуправа, односно Бирото за регионален развој, додаваат од Центарот за развој на Југозападен плански регион.

Очекуваат дека ќе бидат поддржани проекти од регионално значење во висина од 58 милиони динари, средства што ќе се обезбедат од централниот буџет на државата од следната и од 2025 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: инфраструктураЈугозападниот плански регионкомуналните претпријатија

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk