ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Војната меѓу Израел и Газа ја уназадува палестинската економија за децении, предупредуваат од ОН

November 10, 2023 15:18
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Економската и социјалната комисија за Западна Азија (ESCWA) на 9 ноември 2023 година, објавија заедничка брза проценка со наслов „Војната во Газа: очекувани социо-економски влијанија врз државата Палестина“.

Војната во Газа продолжува со несмалено темпо и после првиот месец, оставајќи зад себе огромни загуби на животи и штети на инфраструктурата и принудувајќи раселувања од невиден размер. Хуманитарната вонредна состојба е исто така развојна криза. Продолжувањето на војната доаѓа со огромни и сложени трошоци за сите Палестинци, не само за жителите на Газа, сега и во блиска и среднорочна иднина.

Еден месец по почетокот на војната, сиромаштијата се зголеми за 20 отсто, а бруто домашниот производ се намали за 4,2 отсто, се вели во извештајот објавен од Програмата за развој на ОН и Економската и социјалната комисија на ОН за Западна Азија (ESCWA).

Сиромаштијата во Газа веќе беше сериозна пред нападите на Израел во октомври – со 61 процент од населението што се сметаше – под прагот на сиромаштија во 2020 година, според Светската банка.

Нивото на економско влијание го надминува оној на конфликтите во Сирија и Украина, или која било претходна израелско-палестинска војна, наведуваат агенциите.

Најмалку 10.800 Палестинци се убиени во Газа, а повеќе од две третини од 2,3-милионското население ги напуштија своите домови откако Израел ја блокираше енклавата и изврши кампања на воздушни напади и копнени напади. Најмалку 182 Палестинци загинаа, а повеќе од 2.250 се повредени додека насилството се шири низ Западниот Брег.

Доколку војната продолжи втор месец, ОН предвидуваат дека палестинскиот БДП, кој претходно изнесуваше 20,4 милијарди долари годишно, ќе се намали за 1,7 милијарди долари или 8,4 отсто.

Економијата најверојатно ќе се намали за 12 отсто, со загуби од 2,5 милијарди долари и повеќе од 660.000 луѓе турнати во сиромаштија, доколку конфликтот се протега на трет месец, се предвидува во извештајот.

Речиси 1,5 милиони луѓе во Газа се раселени од почетокот на борбите минатиот месец, според Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации, додека блокадата на горивото од страна на Израел во комбинација со строгите ограничувања за храна, вода и медицински испораки предизвика хуманитарна криза.

Според анализата на УНДП, клучните економски мерења, вклучително и стапките на вработеност и БДП, се во пад низ Газа и Западниот Брег.

Генерално, извештајот на УНДП предвидува назадување од 11 до 16 години во метриката што ја нарекува „човечки развој“ низ Газа и Западниот Брег, поради досегашниот конфликт. Проценката доаѓа од истражувањата  на УНДП за образовните, здравствените и економските показатели кои придонесуваат за оценката на државата на Индексот за човечки развој.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: војнаГазаекономијаизраелОН
Next Post

Средба на Бектеши со Фаисал Ф. Алибрахим, министер за економија и планирање на Кралството Саудиска Арабија: Со договор за економска соработка може да се продлабочат економските односи меѓу двете земји

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk