ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска од Гостивар: Вложени над 10 милиони денари во Центарот за култура „АСНОМ“

November 16, 2023 15:01
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, при денешната работна посета на Гостивар, ја посети НУ Центар за култура  „АСНОМ“, каде што со дирекцијата и со вработените беа споделени актуелни прашања во делот на инвестициите и работата на институцијата.

„Вложуваме во инфраструктурата на објектите од културата. За одржување токму на овој Центар за култура, од 2018 година до 2022 година Министерството за култура инвестираше над 10 милиони денари, со што се подобрија условите за работа на двете институции кои функционираат во објектот“, рече министерката за култура Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека оваа сума е наменета за изведување термоизолациска фасада, а во изминатиот период се вложени средства и за подобрување на архивските простории во Центарот за култура, како и за подобрување на условите во коишто работи НУ Театар во Гостивар.

ЦК „АСНОМ“ од Гостивар е водечка институција во областа на културата на градот, затоа министерката за култура истакна: „Продолжуваме преку програмата на Министерството за култура да вложуваме во комплетна санација на покривната конструкција, откако е саниран делот кој беше оштетен“.

Министерката Костадиновска-Стојчевска при посетата на Центарот за култура изјави дека Министерството за култура поддржува многубројни проекти од областа на културата, главно преку Годишната програма, и со тоа го стимулира творештвото во сите дејности од културата.

Одговорајќи на новинарски прашања, министерката за култура рече дека е во напредна фаза решавањето на прашањето за греење во објектот, средства кои се предвидуваат во програмата за следната, 2024 година. Како позитивен пример на функционирање на две институции во еден објект, таа го истакна Центарот „АСНОМ“, место каде што на најдобар начин ефикасно се користи просторот, кадарот, а размената на искуства носи повисок квалитет за културата во градот и во регионот.

Next Post

Пунктовите за лични документи во Скопје на 29 и 30 ноември со полно работно време

НАЈНОВО

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Уапсени три жени за планирање на терористички напад во Париз

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk