Катар, кој беше посредник во постигнувањето на договорот меѓу Израел и Хамас, соопшти дека „почетокот на паузата ќе биде објавен во следните 24 часа“.
Согласно договорот, паузата во борбите потоа ќе трае четири дена, и како што додаде официјална Доха „ќе биде предмет на продолжување“.
Израел и Хамас постигнаа договор за ослободување на заложници, по повеќе од шест недели интензивни борби во Газа. Согласно документот, најмалку 50 заложници, жени и деца, ќе бидат ослободени во текот на четири дена, при што ќе има пауза во борбите.
Ослободувањето на секои дополнителни 10 заложници ќе резултира со по уште еден ден пауза.
Владата на Израел сепак нагласува дека војната ќе продолжи додека не се вратат дома сите заложници, додека не се заврши елиминацијата на Хамас и да се обезбеди дека нема да има нова закана за државата Израел од Газа.