ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Министерот Бектеши на Самит за женско претприемништво: Развиеноста на женското претприемништво е доказ за успешноста на една држава

November 23, 2023 13:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Улогата на жената во секојдневниот живот, а исто така и во развојот на економијата е многу голема и жените претставуваат битен фактор во креирање на севкупната политика и економски развој. Развиеноста на женското претприемништво е доказ за успешноста на една држава, порача министерот за економија Крешник Бектеши на Самитот за женско претприемништво „Жени во претприемништвото – Клуч за зајакнување на економијата“ кој се одржа денеска.

„Министерството за економија препознавајќи ја улогата на жените во сите сфери на општеството, а посебно во делот на економските активности, почнувајќи од 2012 година секоја година реализира мерка за финансиска поддршка за женско претприемништво и тоа преку кофинансирање на трошоци за набавка на опрема и уредување на деловниот простор за претпријатија во сопственост на жени (над 50%) и управувани од жени, а во 2023 година за дигитализација на деловни процеси и тоа преку кофинансирање на 40% од докажаните трошоци. Со Стратегија за развој на женското претприемништво 2019-2023 која Министерството за економија ја донесе во 2018 година, ги дефиниравме и стратешките приоритети кон кои се стремиме, а со усвоениот Акциски план дефиниравме конкретни мерки и активности за остварување на поставените цели“ кажа министерот Бектеши.

Според министерот, воведувањето на стимулативни критериуми со кои при евалуација на апликациите/проектите поднесени од жени, а кои се субвенционираат од страна на државни институции, е само една од мерките во Стратегијата, која веќе се имплементира од повеќето владини институции вклучително и Министерството за економија.

„Исто така, еден од стратешките приоритети на Стратегија за развој на женското претприемништво 2019-2023 е промоција на женското претприемништво преку реализација на повеќе мерки и активности меѓу кои и воведување на годишни награди за жени претприемачи. За реализација на активноста – воведување на годишни награди за жени претприемачи, Министерството за економија како институционален покровител и Националната платформа за женско претприемништво во 2021 година потпишаа меморандум за соработка и по трет пат оваа година организираат „Избор на Жена – Претприемач“. Изборот се спроведува преку селекција на најдобрите компании во сопственост и управувани од жени врз основа на официјални податоци од завршните сметки на претпријатијата за последните три години, кои Министерството за економија ги обезбеди од Централниот Регистар“ кажа Бектеши.

Како што појасни министерот, со цел наградување на најуспешните, кои и во време на економска криза успеале да остварат позитивни резултати, а со тоа и да придонесат во јакнење на целокупната економија, побаравме од Централниот регистар да ги селектира компаниите кои ги исполнуваат следните критериуми:

– Основната дејност да не е трговија;
– Да се активни последните 3 години;
– Претпријатието да биде во сопственост на жена над 50 % и управител да биде жена во истото;
– Да бидат минимум 51% во домашна сопственост,
– Секоја наредна година да остваруваат поголем приход;
– Секоја година да остваруваат добивка;
– Секоја наредна година да го зголемуваат бројот на вработените;
– Во Регистарот на вистински сопственици да биде евидентирана жена сопственик.

„Според добиените податоци од Централен регистар, бројот на компаниите кои се селектирани според истите одредени критериуми, во 2022 година во однос на 2021 година е зголемен од 73 на 98 компании, односно за 34,25%, што претставуваа значаен показател дека се постигнуваат поставените цели за поттикнување на жените за започнување на сопствен бизнис. Може да констатираме дека мерките за стимулирање на жените за започнување на свој бизнис кои Владата ги реализира секоја година, како и активностите кои произлегуваат од Стратегијата за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија, ја постигнале целта за зголемување на бројот на жените кои отвориле сопствени бизниси и постигнале позитивни резултати во своето работење“, кажа Бектеши и потенцираше дека, повеќе од потребно е да се промовираат и да се наградуваат ваквите успешни компании кои воедно се и
мотивација за останатите.

“Министерството за економија и во иднина ќе продолжи со поддршка на сите активности за промовирање на женското претприемништво, но и со имплементација на мерки за подобрување на условите за водење на бизнис на жените претприемачи како и со конкретна финансиска поддршка за компаниите во сопственост и управувани од жени“ кажа министерот.

Tags: БектешиекономијаСамит за женско претприемништво
Next Post

Еден од светилниците на слободата

Shortcut

Најново

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk