ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Бесими: Со ЕК ги поставивме основите за нашата реформска агенда за Планот за раст, продолжува работата на домашните задачи

November 23, 2023 18:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија, заедно со другите земји од Западен Балкан, денеска на билатерални состаноци во Брисел ги утврдуваа основните елементи на реформските агенди што треба да ги подготват за Планот за раст на ЗБ . Во рамки на тој процес во Брисел на билатерален состанок учествуваше делегација на РС Македонија предводена од министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Имавме навистина корисен состанок на кој се исцртаа основните контури по кои треба да се движиме во подготовката на нашата реформска агенда во рамки на процесот на имплементација на Планот за раст на ЗБ. Процесот се одвива со голем интензитет и таа динамика е посакувана и од страна на ЕУ и од страна на нашата земја. За неполни 10 дена се реализираа два чекори во тој процес и тоа дава основа дека посветеноста и од двете страни е на високо ниво“, рече министерот Бесими.

Тој потенцира дека РС Македонија и Владата ја истакнуваат евроинтеграцијата како врвен приоритет и дека реформите што ќе бидат содржани во новата реформска агенда не се непозната, но дека она што е важно со овој План е давањето поголем фокус на спроведувањето на приоритетните реформи и поголем фокус од ЕУ во поддршката за спроведување на тие реформи.

„По овој состанок следува домашната задача во координација со ЕК. Ќе ги вложиме сите напори да ја одработиме на потребното ниво и во најкраток можен рок, за да може спроведувањето на реформите да ги носат бенефитите дома побрзо“, потенцира Бесими и додаде дека реформската агенда ќе опфати структурни реформи од најновата Програма на економски реформи (ПЕР) и поврзаните Заеднички заклучоци договорени на Економскиот и финансиски дијалог, како и од ревидираната методологија за проширување, најновиот пакет за проширување и од Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан.

Согласно утврдената динамика во рамки на процесот на имплеменетација на Планот за раст на ЗБ, првичните елементи на реформските агенди треба да бидат испратени до ЕК во текот на наредниот месец, а целосната реформска агенда да биде завршена до почетокот на вториот квартал од 2024 година, по што ќе следува и конкретната реализација на реформите по утврдена динамика и исплата на средствата кон земјите за поддршката на таа реформска агенда.

Со Планот за раст на ЗБ е предвидена финансиска поддршка до 6 милијарди евра за земјите од Западен Балкан. Согласно распределбата на РС Македонија и стојат на располгање 860 милиони евра, за кои ќе има однапред утврдена динамика на повлекување.

Реализацијата на овој реформски процес во земјата ќе го следат Секретаријатот за европски прашања и Министерството за финансии.

Tags: БесимиЕК
Next Post

Средба на генералот Ѓурчиновски со адмирал Сер Антони Радакин во рамки на посетата на Вооружените сили на Обединетото Кралство

Shortcut

Најново

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk