Уапсен е осомничениот за пукањето врз тројцата палестински студенти во Берлингтон, Вермонт, САД, соопшти полицијата, пренесува Си-Ен-Ен.
48 годишниот Џејсон Ј. Итан беше идентификуван од полицијата како осомничен за нападот и беше уапсен, наведуваат од полицискиот оддел во Бурлингтон.
Властите велат дека осомничениот живеел во станбена зграда во близина на местото каде што се случило пукањето. Тој е приведен во неделата околу 15.30 часот. на местото на нападот, соопшти полицијата.
Итон се очекува да биде изведен пред суд во понеделник.
Претходно полицијата соопшти дека белец вооружен со пиштол пукал во тројцата млади на улица во близина на Универзитетот во Вермонт во саботата вечерта, а потоа побегнал.
Сите се на возраст од 20 години и примаат медицинска нега. Двајца се наоѓаат во стабилна сосотојба, додека третитот има сериозни повреди, изјавија од полицијата.
Студентите биле застрелани на улица додека се враќале од посета на роднина во Бурлингтон за празникот Денот на благодарноста. Од полицијата посочија дека двајца од младите носеле куфии, традиционални арапски црно-бели шамии, во моментот на нападот.
– Без да каже нешто, напаѓачот испукал најмалку четири истрели од пиштолот, а потоа побегнал, рече началникот на полицијата во Бурлингтон, Џон Мурад, додавајќи дека двајца биле погодени во торзото, а третиот во долните екстремитети.
Подготви: Ј. Ѓ.