ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХИБРИДНИ ЗАКАНИ

Грковска на Глобалната конференција за сајбер капацитети: Вклучувањето на повеќе жени во сајбер безбедноста го подобрува пристапот во справувањето со сложените предизвици

November 30, 2023 10:59
in ДЕНЕС, ХИБРИДНИ ЗАКАНИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Жените претставуваат половина од корисниците на технологија, но сочинуваат само 25 проценти од глобалната работна сила за сајбер безбедност. Овој диспаритет не е само прашање на еднаквост, туку и прашање на ограничени размислувања и пристапи. Со оглед на тоа што заканите за сајбер безбедноста стануваат посложени, тимовите треба да вклучуваат различни перспективи за предвидување и ублажување на предизвиците“, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на панел диксусијата „Хакирање на родовиот јаз“, која синоќа се одржа во рамки на Глобалната конференција за градење сајбер капацитети во Акра, Гана.Грковска нагласи дека со успешни сеопфатни политики за искоренување на дискриминацијата на жените во општеството, постепено се подобрува нивната застапеност во сите сфери на работа и одлучување, вклучително и во сајбер-професиите. Таа се осврна на законските и институционалните промени во Северна Македониија, кои се преземаат во насока на унапредување на родовата еднаквост и вклучување на родово одговорни политики за планирање и буџетирање.

Истакнувајќи дека недоволната застапеност на жените ги зацврстува стереотипите и може да ги обесхрабри жените кои сакаат да градат професионална кариера во сајбер безбедноста, вицепремиерката Грковска на панелот се осврна на конкретните владини мерки за активно вработување, специфично дизајнирани за вклучување на пазарот на труд на жени и припадници на ранливите групи во општеството, во кои спаѓаат и обуки за напредни ИТ вештини.

Во однос на сајбер безбедноста, Грковска истакна дека „Северна Македонија спроведува програма поддржана од УСАИД за дизајнирање сајбер-патеки за млади девојки и жени, заради поразновиден развој на сајбер работната сила во земјата. Оваа специфична програма вклучува менторство, соработка со образовниот сектор и академијата, со цел да се поттикне родово сензитивен пристап кон развојот на наставните планови и да се поддржи наставниот кадар со ресурси и знаење за сајбер безбедноста“, истакна вицепремиерката Грковска.

Next Post

Блинкен: Примирјето помеѓу Израел и Хамас дава разултати

Shortcut

Најново

Фото: Википедија

Калајџиев за случајот „Мазут“: Не е јасно каде е криминалот, а никој не прашува кој ќе одговара за штетата врз осомничените

June 4, 2026

АСОМ нуди европски модел за регулација наместо закон за затворање на легалната индустрија

June 4, 2026

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk