-Руската Федерација е причина за проблемите и нестабилноста на регионот, a единственото решение за сите маки на овој регион е членството во ЕУ и НАТО. Тоа не е мој субјективен став, и тоа можам да го потврдам со бројки и факти, рече шефот на дипломатијата и преговарач на ОБСЕ Бујар Османи коментирајќи ја изјавата на неговиот руски колега Сергеј Лавров дека за сите тензии на Балканот се виновни западните демократии.
-Северна Македонија е уникатна приказна, функционална, мултиетничка демократија во еден тежок регион познат по конфликти, нетрпеливист. Ние создадовме една поинаква приказна која денеска станува референца, модел, и апсолутно можам да кажам дека позади тој успех стојат САД. Без нивната поддршка, старешка Република Северна Македонија немаше да е тоа што е денеска и во тоа сум убеден, рече Османи.
Според него, тоа се однесува и за регионот каде САД и ЕУ, се вели единствените фактори кои овозможуваат да има смирување на тензиите, демократски реформи.
-Напротив јас сметам дека Руската Федерација е таа која што преку латентни и видливи чекори преку свои прокси играчи во регионот континуирано го дестабилизира, Се обиде да ја дестабилизира Црна Гора поради обид за дрѓавен преврат во моментот на членство во НАТО се обиде да го опструира нашиот референдум во 2018 за членствио во НАТО, ги минира процесите во БиХ, Србија а преку Србија и во Косово, вели Османи на завршната конференција на Минисуетскиот совет на ОБСЕ.
На прашањето кога очекува да почне дијалогот за мирно решавање на конфликтот во Украина, Османи посочи дека според меѓународното право, границите на секоја суверена држава се свети, а Русија ги има прекршено основните принципи на тоа право, и се додека не се вратиме на почитување на тоа право Руската Федерација не смее да се повика на него.
Тој се осврна и на како што посочи, дебатата која постои во ОБСЕ дали треба да биде суспендирано членството на Русија во Организацијата како последица на кршење на нејзините основни принципи и заложби, за ншто вели постојат два аргумента поради кои тоа не би можело да биде направено.
-Првиот е правен, а вториот е политички. Првиот е пимерот на Југославија во 1992 година кога земјата била исклучена од челснтво со одлука донесена консензус минус една членка поради масивни прекршувања на човековите права, но тоа правило не би имало смисла денес кога постојат различни мислења во организацијата, а тука ќе се надоврезан на политичкиот аргумент според кој некои земји членки сметаат дека ОБСЕ е воспоставено како платформа за дијалог помеѓу неистомислечки држави. ОБСЕ не е и никогаш не била организација на истомислечки земји, а неговата цел е сите овие земји со ралични мислења да ги ангажира на соработка со цел да обезбеди мир и стабилност во регионот, рече Османи.
Тој додаде дека шефот на руската дипломатија Сергел Лавров не пристигнал во земјата и не бил примен од него на национално ниво, туку на нивото на кое престојувал во Њујорк за да учествува на Генералното собрание на ОН.
Во однос на ситуацијата во Газа, Османи рече дека Газа не влегува во мандатот на ОБСЕ, но го повтори ставот на земјава дега ги осуди нападите на 7 октомври врз изреалските цивили и дека е за продолжување на примирјето и политичкиот дијалог меѓу двете страни, а го поддржуваат решението „за две држави“.