ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Спасовски: Вања Ѓорчевска е киднапирана во влезот на зградата и ставена во багажник на возило, убиена е по два часа

December 4, 2023 11:04
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Јавното обвинителство рече дека според сознанијата и исказите на осомничените, Вања е киднапирана во влезот на зградата и со врзани раце и нозе и во вреќа за спиење е ставена во багажникот на возилото „цитроен“ и однесена надвор од Скопје каде е убиена по што е запалено возилото. Според исказ од осомничените, таткото од Вања споделил информација со организаторот за времето на нејзиното излегување од дома.

Како што појасни Спасовски, возилото „цитроен“, сопственост на убиениот велешанец, на „сејф сити“ првпат се појавува на 27 ноември кога е киднапирана Вања.

Пред возилото „цитроен“ со кое е киднапирана Вања, се наоѓало возило „рено канго“. Двете возила по нејзиното киднапирање заминуваат надвор од Скопје.

Според министерот Спасовски, на денот кога се случило грабнувањето имало две пријавувања, првата од мајката во 8.30, а во 11 часот од таткото. По првата пријава веднаш се преземаат активности, а во Велес полицијата презема активности за случајот со исчезнувањето на 74-годишниот Панче Жежоски.

-Се вршат разговори со сите лица и во училиштето и во Велес што би можеле да дадат каква било информација, рече Спасовски.

На прес-конференцијата, Спасовски рече дека сите осомничени се членови на една политичка партија и дека е извршен претрес во оваа партија.

-Тоа возило не се движи до 27 ноември и немавме информација дека е одземено. А е регистрирано од камери, како и возило рено. Извршен е и претрес во политичката партија Трета, на која ѝ припаѓале и најдени се извесни информации“, рече Спасовски.

Спасовски ги негираше и информациите пласирани во јавноста дека полицијата знаела, а не откривала детали за исчезнувањето на Вања, поради Самитот на ОБСЕ.

-Станува збор за изолиран случај, а не е поврзан со генералната јавна безбедност. Бесмислица е дека заради собирот на ОБСЕ не се објавени информации за убиството. Освен тоа, друг оддел на МВР се занимава со безбедноста на ОБСЕ, рече Спасовски.

Главниот осомничен за убиството е надвор од државата и како што посочи Спасовски, се преземаат сите мерки да се доведе пред лицето на правдата.

Основниот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи притвор од 48 часа на три лица кои беа спроведени во суд, а се осомничени за убуитвото на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Притворот им е определн поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и сторување ново кривично дело. Тројцата ноќеска се спроведени во Истражниот затвор во Шутка

Tags: Вања ЃорчевскаСпасовскиубиство
Next Post
ОБСЕ

(АНАЛИЗА): Евроатланските земји го декласираа преставникот на воениот агресор Русија на 30. Самит на ОБСЕ во Скопје!

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk