ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

(АНАЛИЗА): Евроатланските земји го декласираа преставникот на воениот агресор Русија на 30. Самит на ОБСЕ во Скопје!

December 4, 2023 11:42
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
ОБСЕ

ОБСЕ

Share on FacebookShare on Twitter

Западната дипломатија триумфираше на Самитот на земјите-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) што се одржа во Скопје, велат поранешни дипломати за „Фронтлајн“, нагласувајќи ја осудата и игнорирањето што и се правело на Русија заради агресија врз украинскиот народ.

Нано Ружин

Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор во НАТО – Нано Ружин вели дека Самитот на ОБСЕ во Скопје се случи во еден многу значаен контекст.

– Контекстот во суштина е сличен со тој од времето на студената војна – 73’, 74’ година кога и беше основaна ОБСЕ. Тогаш постоеја тензи, но не и војна како што е сега. Разбиливо е што во таков контест руската дипломатија доживе една голема критика заради агресијата врз Украина. Секако дека бројот на западните држави за разлика од седумдесетите години, сега е многу поголем во ОБСЕ. Западната дипломатија триумфираше и на тој начин може да кажам дека Република Северна Македонија одигра значајна улога како домаќин, но и како дел од тие држави што имат извесна тежина во ОБСЕ, бидејќи сепак и ние се сметаме како едени од оснивачите на ова институција, изјави Ружин за „Фронтлајн“.

Исмет Рамадани
Исмет Рамадани

Исмет Рамадани, претседател на евроатланскиот совет на Македонија вели дека прозападните земји, односно Евроатланските земји, каде припаѓа и Република Северна Македонија, го декласира со односот на игнорирање преставникот на воениот агресор Русија, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Дури и тие кои ги сметаме како негови подржувачи, се разбира во мал број, преќутно го ескивираа, за да не се срамат пред еден ваков широк и висок преставнички аудиториум. Да не зборуваме за главните играчи, како Блинкен, Камерон и Борел, кои го одминаа кога Лавров леташе низ забранети и адхок тесно слободни коридори на небото Москва – Скопје, нагласи Рамадани во изјава за „Фронтлајн“.

Според него, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и со говорот на Самитот, а уште повеќе на пресконференцијата со новинарите, со критиките односно, како што потенцира Рамадани, кон заканите кон евроатланските земји, членки на ОБСЕ, манифестираше фрустации на запоставена особа, која носи бреме на агресорна земја од војната во Украина.

– Замислете, и од таква психолошка состојба се обидуваше да остава впечаток дека е „триумфалист“ – нгаласува Рамадани

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, го нарече самитот во Скопје „револуционерен“, бидејќи според него сите учесници, со исклучок на Русија, ја истакнале својата посветеност на почитувањето на принципите на ОБСЕ.

– Руската агресија е спротивна на основните принципи на нашата организација и предизвика големи страдања во Украина, но беше предизвик и за нашата организација. И затоа резултатот на овој совет е револуционерен затоа што најголем дел од присутните се собраа тука и ја истакнаа својата посветеност на темелните принципи на организацијата и принципите на Хелсинки, рече Османи.

Учесниците на самитот го потврдија консензусот дека Малта ќе претседава со организацијата во 2024 година.

Министерот за надворешни работи на Малта, Јон Борг, како и сите други учесници ги фокусираа своите говори на осудата на руската агресија во Украина и продолжувањето на функционирањето на ОБСЕ.

– Мораме да се фокусираме на ставање крај на војните и конфликтите. Руската агресија врз Украина мора да престане, рече идниот претседавач на ОБСЕ, министер за надворешни работи на Малта, Јон Борг.

Дестан Јонузи

Tags: Исмет РамаданиНано РужинОБСЕРусијаСАДУкраина
Next Post

Трауматичните настани и силниот шок да се ублажат со емпатија и разговори со стручни лица

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk