ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Царинска управа: Спречен обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло

December 5, 2023 12:41
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Фото: Царинска управа

Фото: Царинска управа

Share on FacebookShare on Twitter

Царинските службеници на Ќафасан спречиле обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло, а кое било транспортирано во две товарни моторни возила – цистерни. Против сторителите, како што информираат утрово од Царинската управа, се поднесени кривични пријави до Јавно обвинителство.

На влез во државата на граничниот премин Ќафасан пристигнале две товарни возила со цистерни коишто се пријавиле за транзит. Испраќач на стоката е фирма од Албанија, а примач фирма од Република Северна Македонија. Поради сомневање во поднесената документација и видот на декларираната стока товарните моторни возила се задржани за понатамошна контрола. Притоа земени се и мостри за лабораториско испитување, се наведува во соопштението од Царинската управа.

Од добиените резултати од направената лабораториска анализа, како и од извозните документи добиени во соработка со албанската царинска администрација, е констатирано дека во двете товарни моторни возила – цистерни, наместо декларираното базно масло, има дизел гориво за кое увозните давачки во Република Северна Македонија се поголеми, односно дека е направен обид за избегнување на давачки во поголем износ при увоз на акцизна стока.

Вредноста на вкупната количина на дизел горивото во двете цистерни изнесува 3.121.626 денари за што царинските давачки изнесуваат 1.745.327 денари.

Од Царинската управа информираат дека возилата и горивото се привремено одземени и против сторителите се покренати соодветни судски постапки за кривично дело царинска измама по член 278а од Кривичниот закон. 

Tags: ДизелспреченЦаринска управашверц
Next Post

Ќе се реконструираат два моста преку ТАВ програмата во Крива Паланка

Најново

Филипче: Следната недела СДСМ го промовира новиот закон за борба против корупцијата       

May 8, 2026
Фото: ВИ

​„МБАПЕ ОДИ СИ!“: 30 милиони навивачи бараат негово заминување од Реал Мадрид!

May 8, 2026
Анаис. Мотив, Кратово

Дневен хороскоп со Анаис за 8 мај 2026: Иновација, слобода и рушење на правилата

May 8, 2026

ХАОС ВО МАДРИД: Валверде во болница по тепачка со Чуамени – двајцата го пропуштаат „Ел Класико“

May 7, 2026
Фото: МИА

Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

May 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk