Продолжувањето на борбите во Газа ја засили кризата со гладот во оваа палестинска енклава, соопшти хуманитарната агенција на Обединетите нации.
Светската програма за храна на ОН (WFP) соопшти дека за време на седумдневната пауза во борбите во Газа нивната помош стигнала до околу 250.000 лица, јави Би-Би-Си.
Во соопштението се нагласува дека дистрибуцијата на помошта сега е „речиси невозможна“ и дека продолжувањето на конфликтот „ги загрозува животите на хуманитарните работници“.
„WFP повикува на хуманитарен прекин на огнот и ги повикува сите лидери да работат со најголема итност за да најдат политички решенија кои можат да стават крај на страдањата на семејствата од сите страни на овој ужасен конфликт“, се наведува во соопштението на агенцијата на ОН.