ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет на средба со претставници од Светска банка

December 6, 2023 19:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: Собрание на РСМ

Фото: Собрание на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска се сретнаа со претставници од Светска банка. Во фокусот на средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, била ажурираната систематска дијагностика за Република Северна Македонија, како и досегашните резултати од партнерството со Светска банка.

Сања Маџаревиќ-Шујстер, виша економистка во чија надлежност е регионот на Западен Балкан, посочила дека економскиот раст што го постигнала Република Северна Македонија во изминатиов период не бил доволен за да се затвори јазот во животниот стандард во однос на европските земји и дека тоа е главната причина што многу млади емигрираат во странство.

-Северна Македонија има една од најголемите дијаспори во однос на нејзиното население, а иселувањето на помладите генерации го забрзува процесот на демографско стареење. Најголем дел од иселениците се на возраст од 20 до 39 години – во најпродуктивните години и се групирани во два екстреми од образовниот спектар, или многу ниско или многу високо ниво на образование. За да ги поттикнат младите да останат, фирмите треба да го намалат јазот на платите во однос на ЕУ, но тоа ќе бара зголемување на продуктивноста, трговска интеграција и поголеми иновации, рекла Маџаревиќ-Шујстер.

Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Бојан Стојаноски, како што се наведува во соопштението, потенцирал дека во Извештајот на Светска банка има многу работи кои треба да ги примениме и оти треба да направиме повеќе системски реформи.

-Најсериозниот проблем со кој лично сметам дека ќе се соочиме како држава за многу кус временски период е депопулацијата на населението, која се случува 32 години наназад. Сметам дека тука треба да се направи нешто прилично офанзивно, како што кажавте и вие – брзи мерки со кои ќе ги смениме работите. Ние мора да сфатиме дека ќе мора да ја прошириме квотата на луѓе кои ќе дојдат да работат тука, затоа што ние веќе немаме работници за одредени работни позиции, и тоа е факт, рекол Стојаноски.

Пратеникот Диме Велковски се осврнал на ажурираната дијагностика за земјава и рекол дека во секторот земјоделство и храна има потенцијал за зголемување на продуктивноста и за нови работни места, и оти тој потенцијал не е целосно искористен.

-Во наредниот период ќе мора да имаме многу инвестиции за да го добиеме тоа што сакаме да го добиеме, за да имаме подобар извоз, креирање нови работни места и нормално поголеми приходи, рекол Велковски.

Tags: Светска БанкаСобрание
Next Post

САД обвинија четири руски војници за извршени воени злосторства во Украина

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk