ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бочварски од Министерскиот Совет: Северна Македонија напредува со транспортната политика и приближување кон ЕУ

December 12, 2023 13:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓузависноста на нашите земји не поттикнува да спроведуваме мерки и политики што ќе го олеснат транспортот и трговијата и ќе ја зголемат регионалната соработка, како предуслов за заеднички пазар, интеграција и членство во Европската Унија, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на Министерскиот Совет кој деновиве се одржува во Скопје

Тој го потенцираше значењето на регионалната соработка, заедничките проекти и инвестициите за развој на коридорите во насока на забрзана интеграција на регионот и приближување до европските стандарди и крајната цел, членство во Европската Унија.

„Република Северна Македонија има значителен напредок во усогласување на транспортната политика со законодавставото на Европската Унија. Во текот на летото земјава успешно ги заврши билатералните скрининзи со Европската комисија за поглавјата 14 – Транпортна политика и 21 – Транс-европски транспортни мрежи. Силен напредок постигнавме во делот на железничкиот систем каде го донесовме Законот за железнички систем со кој овозможуваме либерализација на железничкиот пазар, забелешка која беше нотирана и во изминатите извештаи на Европската Комисија.“ – изјави министерот Бочварски.

Дополнително, тој даде и посебен фокус на инвестициите кои државата ги реализира на главните Коридори кои минуваат низ Северна Македонија.

„Во делот на железничкиот Коридор 8 веќе ја градиме првата и втората фаза од источниот дел од Коридорот, делниците Куманово – Бељаковце и Бељаковце – Крива Паланка, инвестиција над 200 милиони евра, а до крајот на годината ќе го распишеме јавниот повик и за третата делница од Крива Паланка до ГП Деве Баир, со што вкупната инвестиција ќе надмине 700 милиони евра.

Извршивме рехабилитација на триесеттина километри на пругата Неготино – Ногаевци.

Во делот на патната веќе привршуваме со рехабилитација на две делници на Коридорот 10, и тоа од Катланово до Петровец и од Демир Капија до Неготино.

Исто така започнавме со изградба и на западниот дел на Коридор 8 до границата со Албанија. Кон исток привршуваме со изградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка и проширувањето до граничниот премин Деве Баир.“– истакна министерот Бочварски.

На Министерскиот Совет свое обраќање имаа и директорот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек, Мона Бјорклунд од Директоратот за транспорт при Европската Комисија и министрите за транспорт и инфраструктура од земјите од Западен Балкан.

Next Post

Костадиновска Стојчевска: На некогашните простории на тетовската библиотека ќе се смести Европската куќа

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk