ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Нема нов случај на заболен од коронавирусот во земјава

Министерството посочува дека земјава ги спроведува препораките на Светската здравствена организација за заштита од коронавирус и затоа нема простор за паника.

March 1, 2020 10:48
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатото деноноќие не се тестирани нови пациенти од коронавирус и до овој момент нема нов случај на заболен од овој вирус во Република Северна Македонија, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во соопштението се посочува дека единствената пациентка позитивна на вирусот Ковид-19 е во добра здравствена состојба.

 

– Таа се лекува во одделот за изолација, под постојан мониторинг на стручниот лекарски тим според сите здравствени протоколи на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Останатите патници кои биле во комбето со единствената пациентка позитивна на коронавирус и лицата со кои тие оствариле непосреден контакт остануваат во домашна изолација. Во моментов нема македонски државјани заразени од овој вирус, ниту пак македонски државјани кои се под карантин во Италија, се додава во соопштението.

Министерството посочува дека земјава ги спроведува препораките на Светската здравствена организација за заштита од коронавирус и затоа нема простор за паника.

 

– Апелираме до граѓаните да ги применуваат мерките за хигиена, како што се избегнување близок контакт со лица кои имаат респираторни симптоми, кашлање, кивање, почесто миење раце со сапун и топла вода, да се стави маска доколку во близина има лице со симптоми на респираторно заболување. Во однос на состојбата со коронавирусот, апелираме до граѓаните да се информираат само од официјалните информации на релевантните институции, се нагласува во соопштението.

Министерството посочува дека продолжуваме со редовно информирање на јавноста и дека во текот на утрешниот ден, министерот за здравство Венко Филипче ќе го одржи редовниот брифинг за состојбата со коронавирусот во земјата.

Next Post

Над 1.100 ученици ќе посетуваат курсеви на немајчин јазик во рамки на проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk