Градоначалникот на Струмица Костадин Костадиновски на социјалните мрежи објави фотографии од новогодишно украсената Струмица.
„И оваа година Струмица блесна во полн сјај со новогодишното украсување на повеќе локации во градот. Најголемата елка во државата поставена на градскиот плоштад, а новогодишниот амбиент е надополнет и со други светлосни фигури.
Во Струмица не сакам да има простор за омраза, црнила и лаги. Сакам деновите кои ни претстојат да ја уживаме позитивата, љубовта, радоста на празниците! Новогодишните бои ја разубавија Струмица. Започна претпразничната магија! Нека ни биде најубаво и весело! Од срце за сите вас драги мои!“, напиша градоначалникот Костадиновски.