ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од опозицијата ни кола не се купува, камоли да се гласа; Лавров предизвика скандал, но беше маргинализиран; грозоморните злосторства расветлени, јавноста трауматизирана

FRONTLINE NEWSLETTER #33

December 7, 2023 12:00
in NEWSLETTER, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

Драги читателки и читатели,

На политички план, изминатите седум дена беа исклучително турбулентни. Земјата доби датум за избори – 24 април 2024 година ќе се одржи првиот круг на претседателските избори, а на 8 мај ќе се одржат двојни избори, втор круг од претседателските и парламентарните избори.

Во меѓувреме, при посетата на нашата земја, помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан, во интервју за „360 степени“, во само неколку зборови, го разобличи манипулативниот наратив на опозицијата.

„Ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ви кажам што е – тоа е личност од која не би купиле автомобил. Па, мислам и дека не би требало ни да гласате за нив“, рече О’Брајан.

Во Скопје се одржа светски политички настан, 30-от министерски состанок на ОБСЕ. Лавров беше прописно маргинализиран од најголемиот дел од учесниците, ЦИВИЛ го прогласи за непожелен, а тој се однесуваше скандалозно. Одржа долг говор преполн со лаги и пропаганда, избега од дискусијата, а потоа свика прес конференција додека траеше завршната сесија на самитот.

*

Нема човек кој не беше длабоко погоден од грозоморното убиство на малечката Вања. Наставници, родители и деца, со солзи во очите, се запишаа во книгата на жалоста посветена на Вања, што се отвори во ОУ „Песталоци“ во Скопје. Македонската јавност беше длабоко трауматизирана од деталите поврзани со киднапирањето и убиствата.

По брзата реакција на МВР, откриени се сторителите на грозоморните злосторства, крволочна банда собрана околу партијата Десница, во кои животот го загубија 14-годишната Вања и 74-годишниот велешанец Панче. Брзината и транспарентноста на МВР и ОЈО влијаеја да се намалат штетните последици од дезинформациите и пропагандните наративи и теории на заговор кои се лансираа веднаш по откритието на злосторствата.

Фронтлајн останува на Првата линија на борбата против дезинформациите и малигните влијанија од странство.

Ви благодариме на довербата и поддршката.

Срдечно ваши,

Редакција Фронтлајн


Секој четврток наутро, дел читателките и читателите на Фронтлајн во своето поштенско сандаче добиваат бесплатен неделен њузлетер со редакциски избор од содржините. Бидете дел од големото семејство на редовни читателки и читатели на Фронтлајн, претплатете се на неделниот Њузлетер на Првата линија. 
Next Post

Вистиномер: Дезинформација и чиста шпекулација е дека полицијата го криела убиството на Вања поради Самитот на ОБСЕ

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk