Портпаролот на ЕУ, Петер Стано денеска изјави дека бриселскиот договор и договорот од Охрид во целина се правно обврзувачки и за Белград и за Приштина и дека нивното спроведување како целина е составен дел од нивниот пат кон ЕУ.
Тој ова го наведува во изјавата по повод писмото на Владата на Србија во кое се изразени резерви во однос на бриселската декларација, усвоена на Самитот на лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан во Брисел.
Како што додаде, Бриселскиот договор за патот кон нормализација и Анексот за имплементација од Охрид станаа правно обврзувачки преку писмената изјава на високиот претставник Жозеп Борел од 18 март.