ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Родители на ЛГБТИ деца: Писмо од мајка на геј син!

Со ова писмо, испратено од родителите на ЛГБТИ дете до Центарот за поддршка, започнува кампањата: Родители на ЛГБТИ деца: Не сте сами!

March 1, 2020 13:59
in ДЕНЕС, МОЗАИК
Share on FacebookShare on Twitter

Беше некаде пред околу 6-7 години кога мојот, штотуку влезен во тинејџерските години, син дојде од училиште видно растревожен:

„Децата ми се смеат дека сум бил геј!“
„А геј ли си?“ – го прашавме јас и татко му.
„Не знам!“ – одговори.
„Види како ќе се чувствуваш во наредните години, верувам дека само ќе ти се каже.“
И толку беше.

Поминаа години, тој заврши основно училиште, почна средно училиште и еден ден не седна на маса, цела фамилија, и ни соопшти дека е геј. Мојот сопруг, неговиот татко, е нешто најубаво што и се случило на нашата фамилија. Тоа што неговиот син има различна сексуална ориентација за него не беше ама баш никаков проблем. За него, нашиот син беше исто тоа прекрасно, вредно и работливо момче како и вчера. А јас, за мене не беше баш така. Првите мисли кои ми поминаа низ глава беа многу себични: „Што ќе речат наште пријатели и роднини?; Ќе не отфрлат ли или ќе разберат и прифатат?; А што ако се зарази со ХИВ вирусот?; Што ако западне во лошо друштво?; Може ќе почне да зема дрога?; Како јас како родител ќе можам да му помогнам полесно да ги преброди предизвиците што го чекаат, а не познавам ниту еден геј (барем така мислев тогаш)?“

Неколку месеци ме мачеа овие мисли но, целото тоа време знаев со сигурност само едно, јас многу го сакам мојот син и не би сменила ништо кај него. Тој е млад човек со добри манири, вреден и неверојатно храбар. Тоа ме натера да помислам: Kолкава само храброст е потребна да се соочиш со твоите најблиски и да им кажеш нешто толку интимно за тебе; нешто што може да ги расипе семејните односи засекогаш? Тогаш борбата која ја водев со себе си беше завршена! Во меѓувреме се почувствував спремна да излезам и да кажам на целиот свет дека мојот син е геј и тоа е ОК.

Денес, нашиот син не се дрогира, нема ХИВ и има прекрасен круг на пријатели околу него. Тој е сè уште прекрасен млад човек со големи аспирации да остави позитивна трага врз иднината што доаѓа. Што се однесува до нашите пријатели и семејство, вистината е дека многу од нив си отидоа.„Не биле вистински пријатели“ – си помислив. Но, со тие што останаа во нашите животи, врската е многу посилна од порано. Дојдоа и нови пријателства, луѓе со интересни искуства, луѓе отворени и искрени, луѓе со кои времето како да лета кога ќе се сретнеш.

Животот е многу интересна појава и понекогаш те носи на целосно неочекувани и различни места. Сепак, ако имаш здраво семејство и многу љубов, сите предизвици на живеењето ќе ги пребродиш многу полесно и ќе излезеш како подобра личност. Јас ја имам таа среќа да имам прекрасно семејство.

Писмо од мајка на геј син


Со ова писмо, испратено од родителите на ЛГБТИ дете до Центарот за поддршка, започнува кампањата: Родители на ЛГБТИ деца: Не сте сами!

Ние, родителите, семејствата и пријателите на лејзбејки, геј, бисексуалци, трансродови лица и сите припадници на ЛГБТИ заедницата, ја славиме различноста и имаме визија за општество во кое сите се прифатени, вклучително и тие со различни сексуални ориентации и родов идентитет. ЛГБТИ Центарот за поддршка посакува добредојде на сите кои сакаат да учествуваат, да подржуваат и се надеваат дека оваа визија ќе се реализира.

Нашите членови се родителите, семејствата и пријателите на ЛГБТИ лица, а и самите ЛГБТИ лица. Тоа значи една група со разнолики политички, религиозни и културолишки перспективи. Доколку имате потреба слободно и без било каква осуда да разговарате за она низ што поминувате и да слушнете други перспективи и искуства, ЛГБТИ Центарот ви стои на располагање.

Може да испратите е-пошта на roditeli@lgbti.mk за да се поврзете со други родители кои поминуваат или поминале низ процесот на прифаќање и поддршка на сексуалната ориентација и/или родовиот идентитет на нивното дете, со кои безбедно може да ги споделите вашите искуства, чувства и прашања.

Next Post

Проект за нов парк во Карпош

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk