ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македоноскепса

December 19, 2023 12:19
in PMD, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АНА ЧУПЕСКА

Во земјата во која има најмногу детективи по глава на жител и Фејсбук Поаровци и Мис Марпловки; во земја каде што, кој како стигне си коментира, исфрла грандиозни тези и хипотези; каде што секој се бави со секој друг и откако „уздуж и попреко” се истакнаа со „стручно” мислење за двократно убиство без грам чувство кон блиските. Сега, во оваа земја ете ја и наездата со нови анализи и “експертизи на новата тема”.

Па слушаме и читаме геостратешкиот налет на импресии правени по гранап методологија за одлуката на ЕУ во врска со асоцијативниот статус на Украина и Молдавија.

Во МАНУ, на пример, на тој свечен вергиниозен собир на менгелеевци, и по телевизии, убаво вели професорката Мирјана Малевска, официјално се „отвори војна кон ЕУ”. Следствено, низ јавниот простор ќе се стимулира евроскепсата сè повеќе и повеќе, со цел да се амортизира штетата што ја направи опозицијата со само-блокадата, и ќе се вперува прстот кон ЕУ, наместо кон сами себе. Ок. Очекувано. Но сепак, конзистентно деструктивно.

Многу деструктивно!

Извинете Патриоти-Евроскептици, ама мора малку и соочување, sorry !

Ќе мора малку и да се разочарате и ќе мора малку да се увиди дека актуелната евроскепса е всушност замаскирана МАКЕДОНОСКЕПСА; или кавер, екскјуз, и оправдание за најниското можно ниво на самопочит и самодоверба во својата држава.

Предлагам, прво да се погледнеме себеси, и да се потсетиме на несоборливите факти за она што се случуваше во изминативе година ипол

  1. Добивме преговарачка рамка која можеби и задира во нашата балканска суета, но, сепак рамката БЕНИГНО ја таргетира истата таа ВЕЛИКОМАЧЕНИЧКА СУЕТА со додавањето на другите народи во Уставот. И, ова е гола вода, компарирано со претходните налудничави барања на бугарската политика – сите тие беа ОТСТРАНЕТИ од Преговарачката Рамка.
  2. Не знам уште кој од ЕУ и САД не дојде и на кој уште јазик не ни кажаа (вклучително и на чист македонски) дека промената на уставот е нашата карта за ЕУ, ама јок бре брате, не допре тоа до некои политички фактори кои за жал имаат побитни работи од нашите ЕУ интеграции.
  3. Украина ниту стана, ниту во блиска иднина ќе стане членка на ЕУ, затоа што ова директно зависи од исходот од војната која ја води и чиј што крај сè уште е невидлив.
  4. Она со кафето на Орбан, што го третираме популарно како преседан, всушност беше покритие за него, затоа што паралелно со кафето – уследи и ВИСТИНСКО ВЕТО од негова страна спрема Украина. Имено, тој ја блокираше помошта од 52 милиони, со што суштествено го утепа Зеленски. Значи, симболично „ѓоа помогна” за статусот на асоцијација, а фактички ја закопа Украина со ветирањето на паричната помош (која патем сè повеќе се намалува како од ЕУ , така и од САД).

Накратко, трикот со кафето, беше оправдување и матење вода за реалното вето.

Поентата ми е дека, не може изолирано да се толкуваат процесите, само од нашата калимеро перспектива. А контекстот е таков што Путин преку Орбан , сепак успеа да ја ослабне Украина – независно што не изгледа баш така!

И вистинските анализи мора да ја земат предвид и ова перспектива.

  1. Ние, ни случајно, не би смееле да запаѓаме во дефетизам, заради тоа проклето празно столче. Затоа што и во наш интерес е Украина да има таков статус, кој ние го добивме на првата меѓувладина конференција, но, кој го само-блокиравме со уставните неизмени и сега не можеме да ја видиме Втората меѓувладина конференција на Советот.
  2. Конечно, Не дај Боже, да се споредуваме со Украина и Молдавија, кои се под непосредна закана од Путин. Иако, со оваа и претстојната евроскептична динамика овде, која влече со себе и високо ризични безбедносни предизвици – најдобро да си ја гледаме нашата работа и да си ја следиме нашата агенда и нашиот интерес.

Затоа, замолувам сите компарации со соседните земји, како и со Украина и Молдавија да ги оставиме надвор од нашите „аналитички” коментари, оти не само што не се релевантни, туку, и им одат во прилог на „третите мрачни страни “, затоа што имаат за цел да ја јакнат евроскепсата, пардон, Македоноскепсата, а со тоа да не одвратат од нашата стратешка цел.

Значи, со ладни глави и со аналитичка изостреност, со волја да се држиме до нашиот државен интерес пред сè, мора да се носат мудри одлуки кои ќе ни гарантираат подобар и поквалитетен живот тука, кај нас дома.

Полека со имресиите и скокање во ладна вода.

Полека и со вергина знамињата (во МАНУ го ставиле на говорницата?! Замислете!)


Текстот е личен став на Авторката. Преземено од Либертас
Tags: Ана ЧупескаЕУ скептичизам
Next Post

Засилени инспекциските контроли на храната, акцент ставен на новогодишните пакетчиња

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk