ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Обезбеден лекот „Трикафта“ за 12 пациенти, постепено во претстојниот период ќе биде обезбеден за сите пациенти

December 21, 2023 12:46
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Лекот „Трикафта“ е веќе на Универзитетската клиника за детски болести, со 100 милиони денари набавена е терапија за следните неколку месеци, дополнително предвидени се 854 милиони денари за обезбедување на лекот за 2024 и 2025 година, со што во следните две години пациентите со цистична фиброза се обезбедени со терапија, информира денеска минситерот за здравство Фатмир Меџити.

Тој на прес-конференцијата одржана во Влада посочи дека бирократските работи не смеат да бидат причина за загрозување на здравјето на граѓаните.

-Бирократските  работи не смеат да бидат причина за загрозување на здравјето на граѓаните, лекот трикафта е веќе на Универзитетската клиника за детски болести со 100 милиони денари набавена е терапија за следните неколку месеци. Дополнително предвидени се 854 милиони денари за лекот за 2024 и 2025 година, пациентите со цистична фиброза етапно се вклучуваат на терапија, па така согласно протоколот и прецизните кртериуми на еволуацијата се одлучува за добивање на терпија. Листата на пациентите е направена од страна на стручна комисија по направени медицински прегледи на сите пациенти со цистична фиброза според бодирање, појасни министерот.

Медицинскиот директор на Клиниката за детски болести, Стојка Нацева-Фуштиќ појасни дека е обезбедена терапија за 12 пациенти, а селектирано постепено ќе има вклучување на нови седум пациенти на секои 10 дена.

Информира дека освен тие 12 пациенти кои се веќе на терпија има уште 55 лица и дека за сите тие ќе биде обезбедена терапија во текот на 2024 година.

-Оваа количина која сега ја имаме, тоа се 102 дозечни форми на лекот ќе бидат доволни за наредните два до три месеци за продолжување на терапијата кај дванаесетте пациенти кои веќе се вклучени, додека Министерството за здравство не ја обезбеди понатаму останатата терапија, истакна Нацева-Фуштиќ.

Оцени дека со ова ќе се подобри квалитетот на животот на овие пациенти и ќе се намали хоспитализацијата.

-Верувам дека во 2024 година сите пациенти кои се подобни за терапија, а тоа се пациентите од 12 години и постари ќе бидат ставени на терапија. Верувам дека во наредните години возрасната граница за започнување терапија ќе се намалува, но она што е важно е дека лекот влезе кај нас и ќе биде во континуитет обезбедена терапија за 2024 и 2025 година, изјави Нацева-Фуштиќ.

Фики Гаспар – претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза изрази благодарност и надеж дека ваквите чекори од Владата ќе продолжат и во иднина.

-Ете можам да кажам дека за релаитвно краток период покрај сите настани и залагања и на пациентите и на институциите во 2024  и 2025 година ќе се обезбеди модуларторана терапија за сите пациенти од 12 години па нагоре. Денеска голем број на родители и пациенти ќе бидат мирни и нема да стравуваат за нивниот или за животот на нивите деца, порача тој.

Tags: „трикафта“обезбеденпациенти
Next Post

Џафери: Заемна почит кон турската култура, идентитет и посебност

Shortcut

Најново

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk