Коалицијата „Србија против насилството“ (СПН) вечерва го одржа шестиот протест пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК).
Претставниците на коалицијата СПН говореа пред РИК и истакна дека нема да се откажат од барањата за откажување на изборите на сите нивоа и ажурирање на избирачките списоци и дека ќе продолжат, како што велат, да ја бранат изборната волја на граѓаните.
Во исто време се одржа и седница на РИК на која претседателот на Републичката изборна комисија Владимир Димитријевиќ рече дека РИК не може да распише нови избори во Белград.
„Во неколку наврати објаснив дека РИК не може на кој било начин да биде вклучена во спроведувањето на актуелната изборна процедура во Белград, а уште помалку да влијае на распишување нови избори“, рече Димитријевиќ за време на седницата на РИК, на која се разговараше за барањето на коалицијата „Србија против насилството“ за распишување и спроведување на нови избори за Собранието на град Белград.
Протестите почнаа во понеделникот.
Извор: Слободен Печат