ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Николовски: Заокружуваме успешна година, во земјоделството исплатени 157 милиони евра

December 28, 2023 18:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На 40 000 земјоделци, до утре, прв пат во историјата на државата, авансно ќе им бидат исплатени 30 проценти од субвенциите или 750 милиони денари. Поддршка ќе добијат и поледелците и овоштарите и градинарите и лозарите, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Тој ги повика сите земјоделци да го искористат правото и до 30 декември да аплицираат за дополнителната поддршка на база на новиот модел на субвенционирање.

Николовски на средба со новинарите ја оцени измината година како успешна, со голем број реализирани реформи и програми.  Во 2023-та, рече, вкупната реализација на Програмата за директни плаќања достигна 127 милиони евра, а реализацијата на Програмата за рурален развој над 11 милиони евра. Реализациајта на Програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје и зеленчук е близу 500 000 евра, на Интервентниот фонд скоро 5 милиони евра, додека вкупната исплата на средства од ИПАРД 2 програмата во 2023 година достигнува 13,3 милиони евра. Вкупно до сега, потенцира министерот, се исплатени 157 милиони евра директно вбризгани во земјоделскиот сектор.

-Ќе ја завршиме годината со 127 милиони евра директна поддршка кон земјоделците и со рекорден број апликации во делот на Програмата за рурален развој – беа доделени 730 трактори и беа склучени 206 договори за мерката „Бизнис план“ која е една од најуспешните. Имаме рекордна побарувачка за набавка на приплоден добиток што е одлично ако се земе предвид дека нашиот фокус во 2024 година ќе биде на сточарството. Побарувањето во само еден повик на крајот на годината е околу една милијарда денари, а моментно течат и останатите повици за набавка на комбајни за жито. Би ја издвоил за годинава и поддршката за младите, за земјоделките и за малите производители. Само во декември се склучија 450 договори, се исплтија грантови кон новоформираните мали семејни винарии и малите оператори со храна кои се македонската гордост, истакна Николовски.

Според него, 2023 година беше целосно фокусирана на производството на храна, односно на реализацијата на Националниот план за производство на храна донесен лани, како и на новиот модел на субвенционирање.

Николовски се осврна и на ИПАРД Програмата. Повтори дека сме прва земја во регионот што ја почна ИПРАД 3 Програмата и информира дека на првиот повик има проекти во вредност од 96 милиони евра.

Годинава, истакна Николовски, се донесоа и рекорден број европски закони, за вино, за зоотехника и за советодавни системи, а во собраниска процедура се и законот за вино, рибарство и аквакултура.

-Би ја заокружил годинава со рекорден извоз на вино и рекорден извоз на конзервната индустрија, потенцира Николовски.

Во 2024 година фокусот ќе биде ставен на сточарството каде субвенциите, според министерот, ќе бидат зголемени за 300 проценти.

Tags: земјоделциИПАРДНиколовски
Next Post
Фото: МИА

Камерон предупреди на опасност од ескалација на конфликтот во Газа

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk