ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Нема нови случаи со коронавирус, се испитуваат двајца лекари кои биле во Мадрид

Има доволно количини на тестови, близу 1.000. Досега се тестирани 13 лица, сите тестови беа негативни, и состојбата и натаму внимателно се следи. Во тек е набавка на дезинфекциски средства за училиштата и за надополнуивање на резервите од каде во моментов се испраќаат до јавните здравстени институции, до МВР, за граничните премини…, рече Филипче

March 2, 2020 14:14
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатото деноноќие нема новопријавени пациенти со индиции за коронавирус. Единствената пациентка кај која беше потврден коронавирус е добро, е на Клиниката за инфективни болести, и веќе трет дена нема температура, што значи дека состојбата се стабилизира и таа закрепнува. Карантинот, односно изолацијата се одвива добро и без проблеми. Нема проблеми во делот на полициски надзор.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој посочи дека епидемиолозите се во редовен контакат со луѓето кои се во домашна изолација.

– Има доволно количини на тестови, близу 1.000. Досега се тестирани 13 лица, сите тестови беа негативни, и состојбата и натаму внимателно се следи. Во тек е набавка на дезинфекциски средства за училиштата и за надополнуивање на резервите од каде во моментов се испраќаат до јавните здравстени институции, до МВР, за граничните премини…, рече Филипче.

Тој соопшти дека викендов во земјава пристигнаа над 10 автобуси на ГП „Табановце“,  а во петокот и два авиона во Скопје и во Охрид. Сите патници се испрашани според утврдениот протокол и нема податок оти некој е заболен или бил во контакт со некој болен во ризичните региони во Северна Италија.

– Од СЗО вчера добивме известување дека двајца македонски лекари биле на конгрес во Мадрид, а кај еден од предавачите било потврдено дека бил заболен од коронавируис. Двајцата македонски лекари се вратиле во земјава во саботата, вчера биле дома и освен со домашните немале контакт со други лица. Тие денеска ќе бидат тестирани на Инфективната клиника и ќе им биде одреден здравствен надзор, во домашни услови, во траење од две недели, рече Филипче.

Имајќи предвид дека докторите немале директен контакт со заболениот предавач, се претпоставува дека е мал ризикот тие да се заразени или да се преносители. Но, во секој случај ќе се почекаат резулататите.

Според, нема да се  продлжи препораката за неодржување јавни собири што е во сила до 6. месецов, ако нема новозаболени и се во добра состојба лицата кои се во домашна изолација.

– Ако состојбата остане непроменета односно без нови случаи на заболени од коронавирус, согласно со состојбата на лицата кои се во домашен каратин, ќе се донесе соодветна одлука. Ако нема новозаболени и луѓето во карантин немаат симптоми препораката нема да биде продолжена, но состојбата ќе се следи днево и ќе се одлучува согласно тоа, рече Филипче, оценувајќи дека засега нема потреба од  порадикални мерки.

Тој информира дека се при крај контролите на аптеките во врска со наводите за зголемени цени на средствата за заштита. Според досегашаните согледувања нема зголемување на цените, но целосната состојба ќе биде позната по завршување на контролите, посочи министерот за здравство.

Next Post

Димитров: Надлежните институции ги преземаат сите потребни активности за спроведување фер и демократски избори

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk