ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хезболах: Кој ќе помисли на војна со нас, ќе зажали

January 4, 2024 09:40
in ДЕНЕС, СВЕТ
(AP Photo/Mohammed Zaatari, File)

(AP Photo/Mohammed Zaatari, File)

Ако непријателот започне војна против Либан, нашата борба ќе биде без граници, ограничувања, правила и контроли… Кој ќе помисли на војна со нас ќе зажали затоа што војната со нас е многу, многу скапа, изјави генералниот секретар на Хезболах, Хасан Насрала.

Тој вчера оцени дека израелското убиство на заменик-лидерот на Хамас во Бејрут е „големо, опасно злосторство за кое тие не можат да молчат“.

Нападот на јужен Бејрут во вторникот вечерта, во кој беше убиен Салех ал-Арури, заменик-шефот на политичкиот комитет на Хамас, Насрала го опиша како „очигледна израелска агресија“. Тој му изрази сочувство на Хамас и порача дека ова убиство нема да остане неказнето.

Насрала се закани дека нема да има „ограничувања“ или „правила“ во нивната борба доколку Израел започне војна против Либан.

-Ако непријателот (Израел) мисли да води војна против Либан, ние нема да следиме никакви правила, рече Насрала во говорот одржан преку видео врска за време на митингот по повод четвртата годишнина од убиството на моќниот ирански генерал Касем Сулејмани од страна на Американски дрон во Ирак во 2020 година, пренесува ДПА.

Нападот на јужното предградие Дахиех во Бејрут е прв израелски напад врз Бејрут по речиси тримесечни речиси секојдневни престрелки меѓу израелските сили и Хезболах во пограничната област. Израел го смета Ал-Арури за главен организатор на нападите на Западниот Брег. Израелската армија не сакаше да го коментира неговото убиство.

Насрала рече дека „брзата“ реакција на Хезболах на 8 октомври и прекуграничното гранатирање оттогаш спречиле пошироко израелско бомбардирање на Либан и покажале дека способноста на Израел да спречи такви напади „пропаднала“. Во израелските напади загинаа повеќе од 120 борци на Хезболах и повеќе од 20 цивили. Во судирите загинаа најмалку девет израелски војници.

Тоа беше трет говор на Насрала од 7 октомври. Насрала најави дека на 5 јануари повторно ќе и се обрати на јавноста со повеќе детали за акциите на Хезболах на југот.

Tags: војнаХезболах
Next Post

Израелскиот Висок суд го одложи спроведувањето на законот со кој се отежнува импичментот против премиерот Нетанјаху

НАЈНОВО

Алиу: Министерство за здравство ќе формира комисија од експерти од странство за укажувањата од Кедев

August 21, 2025

Зеленски: Барањето на Москва рускиот јазик да биде признаен како официјален во Украина има за цел да ги комплицира преговорите

August 21, 2025

СДСМ: Тошковски горд покрај командирот што пукаше и беше суспендиран

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk