ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Продолжен притворот за осомничените за убиството на Вања и Панче, во притвор останува и таткото на Вања

January 4, 2024 15:42
in ДЕНЕС, ПРАВДА

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје донесе решенија за продолжување на мерка притвор против петте лица, осомничени за грабнувањата и убиствата на младата Вања Ѓорчевска од Скопје и пензионерот Панче Жежовски од Велес.

Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски се осомничени за грабнување и помагање на убиство и на Ѓорчевска и на Жежовски. Тие од почетокот на декември се во притвор во Шутка.

Продолжен е и притворот за Стефан Димковски кој е осомничен дека му помогнал на осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски Палчо да избега во Турција.

Меѓу осомничените е и таткото на Вања,  Александар Ѓорчевски, кого обвинителството го сомничи дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка, за сторено кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од Кривичниот Законик.

Член 141 Грабнување

(2) Тој што делото (Грабнување) од став 1 го стори спрема малолетно лице или тој што
заради остварување на целта на грабнувањето од став 1 се заканува дека ќе го
лиши од живот грабнатото лице или дека тешко телесно ќе го повреди, ќе се
казни со затвор најмалку четири години.

Ова е наведено во конкретниот член од Кривичниот законик, што значи дека доколку таткото на Вања се прогласи за виновен по овој член, во затвор ќе помине најмалку четири години, пренесува 24инфо.

Лицата кои ќе бидат осудени за убиствата на Вања и Панче се соочуваат со казна затвор од 10 години до доживотен затвор.

Tags: Вања Ѓорчевскадвојно убиствокиднапирањеосомниченипритвор
Next Post

Богоев: Заплените на Царинската управа зголемени за 30 проценти, а кривичните пријави за 60 проценти

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

Трамп од Орбан побарал укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk