Од 2022 година, Естонија ѝ обезбеди на Украина воена помош во вредност од речиси 0,5 милијарди евра и ќе издвои 0,25 отсто од својот бруто домашен производ за оваа намена во следните четири години, изјави премиерката на Естонија Каја Калас на прес-конференција, пренесува ЕРР.ее.
„Придонесот на Естонија во победата на Украина ќе биде 0,25 отсто од БДП во следните четири години. Ако секоја земја придонесе со 0,25%, тоа е она што и треба на Украина за да победи во оваа војна“, рече Калас, повикувајќи ги другите земји да го следат примерот.
Шефицата на естонската влада додаде дека од 2022 година, Естонија веќе и обезбедила на Украина воена помош во вредност од речиси 500 милиони евра. „Ова е исто така неопходно за да се обезбеди нашата безбедност“, нагласи таа.
Според неа, во наредните години Естонија ќе издвојува и 14 милиони евра годишно за обновување на Украина и соодветни решенија.
Предходно, и Шведска објави дека обезбедува околу 5 милиони долари на Доверливиот фонд на НАТО за сеопфатен пакет помош (CAP) за Украина, кој ќе се користи за воена помош за Украина, ја пренесува Укринформ објавата на Амбасадата на Шведска во Украинана на платформата за социјалните мрежи Икс.
„Шведската влада ќе обезбеди 50 милиони круни на фондот за помош на НАТО за Украина. Оваа помош ќе се користи за набавка на воена опрема, лекови, гориво, деминирање и обука на персоналот“, соопшти амбасадата.
The Swedish 🇸🇪 government will provide 50 million SEK to the NATO assistance fund for Ukraine 🇺🇦. This assistance will be used for procurement of military equipment, medicines, fuel, demining and personnel training.
Read more (in Swedish): https://t.co/Bw8xiVnvWo
— Sweden in Ukraine (@SwedeninUA) January 9, 2024
Драган Мишев / Цивил Медиа