ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хекуран Асани е нов предлог на Владата за директор на М-НАВ, Илир Мехмеди не ги исполнува условите

January 9, 2024 20:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Хекуран Асани е нов предлог на Владата за претседател на Управниот одбор на давателот на воздухопловни услуги М – НАВ. Од Владата информираат дека ја смениле првичната одлука од денешната седница со која до надзорниот одбор на М-НАВ дадоа насоки нов претседател на УО да биде Илир Мехмеди затоа што не ги исполнувал условите за функцијата.

Со претходната одлука Владата му даде насоки на надзорниот одбор во Македонска навигација М-НАВ да ги разреши претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор во М-НАВ Љубе Стаменковски.  На местото на Стаменковски, според насоките од Владата, ќе биде именуван Милан Кораќ.

Како што соопшти вечерва владината прес-служба, Владата ѝ препорачала на Агенцијата за цивилно воздухоповство да продолжи со започнатите активности кои произлегуваат од спроведениот вонреден инспекциски надзор за утврдување на состојбите околу безбедноста и обезбедувањето на воздушниот сообраќај и за истото да го информира ресорното министерство и Владата. Воедно го задолжила Инспекторатот за труд да изврши вонреден инспекциски надзор за работењето на синдикалните организации во рамки на „М-НАВ“ А.Д. – Скопје и да ја информира Владата.

Владината прес-служба споделува информации за Асани и Кораќ.

-Хекуран Асани е вработен во Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје од 2005, а од 2007 година ги извршува обврските на контролор на летање. Во 2010 година се стекнува со лиценца за извршен контролор, а од 2021 година е воедно и интруктор за областа контрола на летање  (OJTI). Хекуран Асани како вработен во М-НАВ и долгогодишен контролор на летање, воедно ја извршува и функцијата на супервизор на контрола на летање. Милан Кораќ на позицијата извршен директор во СВТ во М-НАВ доаѓа од позицијата Раководител-инструктор за електроенергетика во Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје. Кораќ пред позицијата во М-НАВ, 14 години бил вработен во Агенцијата за цивилно воздухопловство, на позицијата Раководител-инструктор за електроенергетика во секторот за воздухопловна техника. Милан Кораќ има повеќе од 25 години работно искуство во областа на воздухопловството, стои во информацијата од Владата.

По првичната одлука од денешната владина седница Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) го стави во мирување штрајкот што го најави за утре со целосно затворање на воздушниот сообраќај на македонското небо.

-Ова е придвижување на работите. Ќе ја анализираме целата состојба и случувања и ако има позитивна реализација на препораката од Владата до надзорниот одбор ќе ја повлечеме одлуката за штрајк, изјави за МИА Александар Тасевски, претседател на ССКЛ.

Смените во раководството на М-НАВ, Владата ги најави по инцидентот што се случи на 4 месецов со упад во оваа институција и напад на вработени, а претходно ССКЛ реагираше за спроведувањето на последниот оглас за вработување во М-НАВ од страна на раководството.

Во М-НАВ од денеска проверки врши Управата за финансиска полиција.

За инцидентот на 4 јануари во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Основниот кривичен суд Скопје од утре ќе одлучува за жалбата на јавното обвинителство во врска со одлуката да не го прифати барањето за притвор за четворицата осомничени во врска со упадот во М-НАВ. Како што информираа оттаму, жалбите се доставени до странките, рокот за одговор е до утре и откако ќе истече, Советот ќе заседава.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладаМ-НАВ
Next Post

Шкријељ: Деинституционализацијата и фактот дека немаме веќе деца во големи безлични институции за мене е едно од најголемите достигнувања кое го направивме

НАЈНОВО

Скриншот

Дождот ги разубавува улиците на Сеул со скриени уметнички мурали

October 7, 2025

Сирија и курдските сили постигнаа сеопфатно примирје на северот

October 7, 2025
Фото: Фронтлајн

Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk