ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Европска поддршка од 9 милиони евра за македонската Армија, потпишан Меморандумот за разбирање за имплементацијата на овој проект

January 10, 2024 13:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и директорот на словенечката организација за унапредување на човековата безбедност – ИТФ, амбасадорот Томаж Ловренчич, како агенција која ќе го имплементира проектот на Европскиот мировен фонд за поддршка на Армијата со 9 милиони евра, денеска го потпишаа Меморандумот за разбирање, со што се означи и стартот на имплементацијата на овој проект кој значително ќе придонесе кон развојот на армиските капацитети. На потпишувањето на Меморандумот присуствуваше и амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир.

По потпишувањето на Меморандумот, министерката Петровска порача дека поддршката од девет милиони евра е наменета за Лесната пешадиска баталјонска група и ќе се користи исклучиво во оваа армиска единица, а средствата ќе бидат искористени за набавка на логистичка, медицинска, инженериска и опрема за изведување на обуки, комуникациско-информациски системи и за разузнавачки капацитети.

„Оваа поддршка од Европската Унија за македонската Армија и одбраната ја потврдува поддршката на Унијата во остварување на нашата стратешка цел, тоа е членството на Република Северна Македонија во Европската Унија “, рече министерката и додаде дека исклучително важни се и позитивните оценки од Европската комисија која за поглавјето 31 јасно нотираше добро ниво на подготвеност и добар напредок во однос на усогласувањето на земјата со надворешната и безбедносна политика на Унијата.

„Унијата го цени придонесот на Армијата во мисиите и операциите кои се водени од ЕУ низ светот. На овој начин ЕУ покажува дека кога ги спроведуваме реформите, кога напредокот е видлив и јасен, европската поддршка нема да изостане “ рече Петровска и додаде дека Република Северна Mакедонија останува посветена на исполнувањето на својата втора стратешка цел, а тоа е членството во Европската Унија.

Евроамбасадорот Гир порача дека Северна Македонија ја покажа и докажа нејзината посветеност во заедничките цели и нејзината усогласеност со Европската заедничка и безбедносна политика, преку учество во мисијата Алтеа во Босна и Херцеговина, мисијата во Централнo Африканската Република, придонесот на Балканските наменски медицински сили,   при што го поздрави и  учеството во мисиите предводени од НАТО –  КФОР во Косово, мисијата во Ирак, Унапреденото  засилено присуство во Балтикот.  Ова е еден од првите придонеси од страна на Европскиот мировен фонд кој ќе и помогне на Армијата да стане уште поагилна и на тој начин ќе даде придонес во зголемување на нејзиното учество во мировните операции во рамките на заедничката надворешна и одбранбена политика – рече Гир.

Амбасадорот Ловренчич истакна дека Европскиот мировен фонд  како инструмент за прв пат е достапен во овој регион и ќе биде еден пример за другите земји, како и дека планираните активности се веќе започнати. Во следните неколку месеци и следната година се очекува реализација на набавка и испорака на опремата, што ќе биде видлив приказ на посветеноста на Европската  Унија и зајакнатото партнерство со Северна Македонија.

Поддршката од 9 милиони евра е наменета за набавка на логистичка опрема, медицинска опрема, комуникациско-информациски системи, разузнавачки капацитети, инженериска опрема и опрема за изведување на обуки за потребите на Лесната пешадиска баталјонска група на Армијата. Опремата која ќе се набавува преку ИТФ е координирана со професионалци во Армијата, што е гарант дека таа ќе биде во согласност со нашите потреби и највисоките НАТО стандарди.

Next Post

Министерството за правда иницираше измени на Законот за Академија за судии и јавни обвинители

Најново

Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање?

May 6, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 6 мај 2026: Ден за стабилизација и цврсти одлуки

May 6, 2026

Месечен хороскоп со Анаис за мај 2026 – Трансформации и нови почетоци

May 6, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk