ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Корепер одобри „делумен преговарачки мандат“ за Механизмот за помош на Украина

January 10, 2024 19:30
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СВЕТ

Советот на постојаните претставници на земјите членки на ЕУ (Корепер) на денешното заседание одобри „делумен преговарачки мандат“ на Европскиот совет за Предлогот за создавање нов единствен инструмент за поддршка на обновата, реконструкцијата и модернизацијата на Украина, истовремено поддржувајќи ги нејзините напори за спроведување реформите во рамки од нејзиниот пат кон членство во Унијата, соопшти попладнево Советот на Европската Унија.

– На тој начин, украинскиот Механизам ќе ја обедини буџетската поддршка на ЕУ за Украина во еден единствен инструмент, обезбедувајќи кохерентна, предвидлива, како и флексибилна поддршка за периодот 2024-2027 година, приспособена на невидените предизвици за поддршка на една земја во војна, се наведува во соопштението.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, „делумниот преговарачки мандат“ за Советот на ЕУ, значи дека тој не вклучува прашања поврзани со буџетот, особено вкупната сума на средства на Механизмот и уделот на грантови и заеми во него, кои ќе зависат од конечниот исход од преговорите за ревизијата на Повеќегодишниот финансиски рамка на Унијата за периодот за 2021-2027 година.

Белгиски министер за финансии Винсент ван Петегем потенцира дека ЕУ е посветена на обезбедување непоколеблива поддршка за Украина се додека биде потребно.

– Украинскиот Механизам има за цел да даде доследна поддршка за обновата на Украина во услови на предизвиците без преседан што ги носи руската агресивна војна. Во исто време, поддршката ќе и помогне на Украина да ги продолжи реформите и напорите за модернизација потребни за напредокот на нејзиниот пат кон идното членство во ЕУ, нагласи Ван Петегем, чија земја е актуелен претседавач со Унијата.

„Делумниот преговарачки мандат“ задржа три столба од предложениот Механизам и тоа обврската на Киев да подготви „План за Украина“ што ќе ги опфаќа мерките за обнова, реконструкција и модернизација на земјата и за реформите како дел од процесот за пристапување во ЕУ; Унијата да овозможи поддршка во форма на буџетски гаранции и комбинација на грантови и позајмици од јавни и приватни институции во рамки на Инвестициската рамка во Украина; и Брисел да обезбеди техничка помош и други мерки на поддршка при усогласување на украинското законодавство со европското и при спроведување на структурни реформи.

Според Европскиот совет, финансиската поддршка за Киев во форма на грантови и позајмици ќе зависи од повеќе услови и ќе биде утврдена со временска рамка за исплати.

Комисијата предлагаше вкупниот буџет за Механизмот да изнесува 50 милијарди евра, од кои 17 милијарди евра во форма на грантови и 33 милијарди евра позајмици.

На декемврискиот Самит, лидерите на земјите членки на ЕУ не постигнаа договор за финансиската поддршка на Украина поради противењето на Унгарија.

Извор: МИА

Tags: помошСоветот на ЕвропаУкраина
Next Post
Тања Фајон европратеничка од Словенија Фото: Принтскрин

Фајон: Мешањето на Москва во процесите во Србија е многу загрижувачко, Русија нема да застане на Украина

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk