ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Атлантскиот Океан се наоѓа најоддалечениот остров од цивилизацијата

January 11, 2024 16:31
in ДЕНЕС, МАГАЗИН, СВЕТ
Фото: Robert Michael Poole

Фото: Robert Michael Poole

Во светов има една мала населба каде што секој се познава со секого, нема криминал, децата трчаат безгрижно каде сакаат, храната не се увезува, а речиси и да нема мобилен сигнал. Се работи за едно од најизолираните места на Земјата, пишува порталот „Путникофер“ (Putnikofer).

Тристан да Куња се всушност група острови коишто се наоѓаат сред Атлантскиот Океан и се создадени по ерупција од вулкан. Оваа, по малку и утописка заедница денес има нешто помалку од 300 жители кои се наоѓаат на најголемиот остров од оваа група. Единствениот град се нарекува Единбург на Седумте Мориња. На овие далечни британски острови има мало пристаниште, црква, училиште и пошта.

JPL/NASA

Најблискиот град е Кејп Таун во Јужна Африка, оддалечен 2.800 километри. Превозот до островот трае шест дена и единствениот начин да се стигне таму е преку море, бидејќи Тристан да Куња нема аеродром.

Населбата со 275 жители, Единбург е основана 1816 година од британскиот наредник Вилијам Глас, откако Велика Британија ја освоила областа. Гратчето го добило името по принцот Алфред, војвода од Единбург, во чест на неговата посета на островот во 1867 година. Британски воен гарнизон на островите имало до крајот на Втората светска војна.

Фото: Robert Michael Poole

Главна гранка на стопанството се лов, одгледување и извоз на ракови. Секое од 80-те семејства има и земја што ја обработува. Се одгледуваат и различни култури – најмногу компири.

Занимливо е што островот не увезува храна, туку жителите го јадат само она што е уловено и одгледувано на самото место.

Во совремието, околните жители сѐ повеќе се свртуваат и кон туризмот, но под многу јасни правила. Имено, на населениот остров нема хотели, ресторани, ниту туристичка инфраструктура. Посетителите и гостите треба да се пријават кај Управата на островите со месеци однапред. Откако ќе им биде одобрен престој, посетителите се сместуваат кај едно од тамошните семејства.

На островот движењето е – пешки, бидејќи сѐ е блиску и нема потреба од превоз. Барот „Албатрос“ е единственото кафуле на главниот остров на којшто се однесува името Тристан  да Куња, но „не треба многу да ѝ се верува на услугата“, гласат дел од препораките на интернет. Затоа повеќето посетители јадат во куќите на домаќините каде што престојуваат.

Фото: Robert Michael Poole

И – на островот нема мобилни телефони. Има само телефонска говорница во поштата. Има и интернет-сигнал и може да се користи компјутер, но тоа е сателитска врска и преносот на податоци е многу бавен.

Затоа, одморот на овој необичен остров и навистина би бил одмор од технологијата, урбаната цивилизација и гужвата од секојдневието.

Tags: мореодморостров
Next Post

Обвинителството покрена истрага за убиството на двегодишното дете од Кичево

НАЈНОВО

Ветераните на Брегалница и Црвена ѕвезда ќе одиграат натпревар во Штип по повод 100 години постоење на клубот

September 3, 2025

Раул кандидат за нов тренер на Баер Леверкузен

September 3, 2025
Фото: СДСМ

Филипче: Ако АНБ не ги декласифицира информациите, ова ќе биде уште еден неуспешен обид за манипулација

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk