Македонскиот амбасадор во Шпанија, Едмонд Адеми, оствари средба со кралот на Шпанија, Фелипе VI-ти.
Како што објави Адеми на социјалните мрежи, повод за средбата е 30 години дипломатски односи со Шпанија.
View this post on Instagram
„На почетокот на 2024 на средба со Кралот на Шпанија Фелипе VI. Пријатен и пријателски разговор. Оваа година славиме 30 години дипломатски односи. Шпанија е голем поддржувач и пријател на Република Северна Македонија. Одлични билатерални односи, и многу простор за продлабочување на динамиката и зајканување на соработката во многу области.“, истакна Адеми во објавата.