ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Интеркултурализмот на патот кон ЕУ e акцелератор што се посветува на принципите, регулативите и политиките во едно мултикултурно општество

January 15, 2024 16:39
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес претседаваше со Оперативното постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот каде што беше разгледана и усвоен нацрт текстот на Националната стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија за периодот 2024-2026, со соодветен тригодишен акциски план.

Вицепремиерот се обрати на присутните со пораките за важноста на стратегијата која беше усвоена и според која се планираат проекти и политики. :

Стратегијата е исцртување на една од главните карактеристики и вредности на нашата земја, која во светот веќе се препознава: определбата да градиме и негуваме општество еднакво за сите. Да изградиме граѓанско општество, со почит кон социјалните, етничките, националните, верските и културните разлики, како суштина на нашето заедништво што се градеше со векови и кое претставува обврска за нашата заедничка иднина.

Различностите ги сметаме за наша предност, наше заедничко богатство. Токму духот на тоа заедништво од Стратегијата ќе направи жив инструмент за превенција од доминација на етноцентрична култура, што не е модел кон кој се стреми нашата земја. Моделот на Р. Северна Македонија започнува со почитувањето на сите заедници и создавањето можности за различните заедници да соработуваат, се надополнуваат и меѓусебно се збогатуваат.

Интеркултурализмот e чекор повеќе од Мултикултурализмот, и повеќе се посветува на принципите, регулативите и политиките во едно мултикултурно општество што формално се признаваат и го афирмираат постоењето на различностите и посебните заедници, етаблираат и ги гарантираат нивните посебни права, еднаков статус и соодветната заштита.

Централна цел на интеркултурализмот е да овозможи испреплетување, соработка и активна заедничка егзистенција. Интеркултурализмот е пристап чија задача е да развива кохезивни граѓански општества преку трансформација на еднодимензионални во повеќедимензионални идентитети и преку развој на заеднички вредносен систем и јавна култура. Предностите кои го карактеризираат овој пристап се интеракција и дијалог, стремеж кон заедништво и силна социјална кохезија.Ништо не сме постигнале ако различните култури само постојат за себе, едни покрај други, изолирани едни од други. Интеркултурализмот ги надминува овие состојби и овозможува контакт и соработка, заедничко живеење на различните култури.

На последната седница од ова Оперативното постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот, беа едногласно усвоени ревидираните оперативни обрасци од Националната стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија за периодот 2024-2026, со соодветен тригодишен акциски план.

На седницата присуствуваа членови на оперативното постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам, во состав Роберт Алаѓозовски претседател на координативното тело и национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Фатмир Битиќи, Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, заменик министерот во министерството за политички систем и односи меѓу заедниците Џабир Доко и други преставници на координативното тело. ​

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Харисон Форд доби признание за животно дело

НАЈНОВО

Приведен жител на Ваташа поради уништување плакати на политичка партија

October 18, 2025

ДИК: Започна гласањето за болни, затвореници и лица во установи за вонсемејна грижа

October 18, 2025
Фото, Генерирано со ВИ

Продолжува падот на инфлацијата и обновата на куповната моќ на домаќинствата во ЕУ

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk