Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека вчера на територија на град Скопје изречени се вкупно 124 мерки за направени прекршоци од областа на сообраќајот.
Меѓу нив, за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 13 санкции, шест мерки се за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење на мобилен телефон и шест санкции за минување на црвено светло.