ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Жените влегуваат во бизнис од потреба, главно фокусирани на микро и малите компании

Во Хрватска имаме жени кои раѓаат и кои развиваат сопствен бизнис и отвораат работни места. Нив треба да ги држиме како „капка на дланка“ и да ги прашаме како може да им помогнеме, изјави Матиќ пред денешната конференција во Скопје посветена на женското претприемништво и пристапот до капитал.

March 3, 2020 13:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Тренд во регионот и во светот е растот на женското претприемништво, но она што е карактеристично е што тоа бавно расте и главно е фокусирано во делот на микро и малите претпријатија. Причините за тоа се што жените најчесто влегуваат во бизнис од потреба и што сакаат да воспостават баланс меѓу професионалниот и приватниот живот.

Во земјава, бројот на жени претприемачи се движи околу 30 проценти и најчесто ги има во услужните дејности. Застапени се во микро и малите претпријатија кои имаат мал обрт и профит. Нивниот вкупен обрт изнесува едвај 10 проценти во вкупниот обрт што го прават компаниите во државата.

–  Целта на жените кои започнуваат бизнис најчесто е за да можат да направат економски баланс во семејството, но никогаш не тргнуваат да работат големи бизниси. Нив им е поважно да имаат баланс меѓу фамилијата и бизнисот отколку да се 100 проценти внесени во бизнисот. Тука влијание има социјалната структура на државата односно жената и да сака да биде 100 проценти посветена на бизнисот, нема услови односно нема социјална грижа за децата или за старите лица. Тоа се проблеми кои не и дозволуваат да биде целосно посветена на бизнисот. Од друга страна кај нас и менталитетот е таков што мажите, за жал, помагаат во домаќинството наместо заеднички со жената да се грижат за семејството, вели Валентина Дисоска, претседателка на Здружението на бизнис жени.

Слична е ситуацијата и во Хрватска. Според Ивана Матиќ, сопственик на порталот Women in Andria, патот на жената во бизнисот е многу потежок, но успешните примери позитивно влијаат врз зголемувањето на бројот на жени претприемачи.

– Јавниот сектор треба повеќе да се вклучи со поддршка на жените претпремачи. Ова е особено важно за земјите како Северна Македонија и Хрватска кои се млади држави и го губат населението. Во Хрватска имаме жени кои раѓаат и кои развиваат сопствен бизнис и отвораат работни места. Нив треба да ги држиме како „капка на дланка“ и да ги прашаме како може да им помогнеме, изјави Матиќ пред денешната конференција во Скопје посветена на женското претприемништво и пристапот до капитал.

Во нашата држава, како што беше посочено на конференцијата, девет години се спроведува мерката за поддршка на женското претприемништво. Досега се потпомогнати 141 компанија со околу 130 милиони денари.

Конференцијата е првата од предвидените настани што ќе следат во текот на годината, а кои се тематски конципирани да одговорат на потребите на искусните жени претприемачи, но и на оние кои сакаат да започнат сопствен бизнис. Настанот е дел од проектот „Women in Adria и CEED Hub за поддршка на женското претприемништво во Македонија“ и е поддржан од Министерство за економија и од мрежата на жени претприемачи Women in Adria во Хрватска. Имплементациски партнер е ЦЕЕД Хаб Скопје.

Next Post

Заев: Покажавме визија храброст и одлучност за решавање на децениските прашања

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk