Полициски службеници од Штип фатиле крадец на лице место при извршување „тешка кражба“, соопштуваат од МВР.
„На 16.01.2023 во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода С.Д.(32) од Штип. Околу 12.30 часот тој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ од помошна просторија на куќа на ул.,,Железничка“ во Штип од каде одзел предмети. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“, се наведува во соопштението од МВР.