Либанската милитантна група Хезболах ги отфрли идеите на Вашингтон за ублажување на конфликтот со Израел, што би вклучувало оддалечување на нивните борци од либанско-израелската граница, но останува отворена за дипломатски напори за да се избегне „разорна војна“, соопштија либанските власти.
– Хезболах е подготвен да сослуша идеи, изјави висок неименуван либански функционер запознаен со плановите на Хезболах, истакнувајќи дека членовите на групата се запознаени со американските идеи, кои им ги пренел американскиот пратеник Амос Хохштајн.
Ставот на Хезболах во моментов е дека ќе продолжи да истрелува ракети кон Израел се додека не дојде до целосен прекин на огнот во Појасот Газа, но и покрај тоа групата останува отворена за дипломатски контакти.