ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Богоев домаќин на директорите на царинските управи од Западен Балкан

January 24, 2024 13:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Денес и утре во организација на Царинската управа и со поддршка на Царинската и даночна служба на Обединетото Кралство се одржува јубилејниот 10ти неформален регионален состанок на кој учествуваат директори и високи претставници на Царинските управи од Западен Балкан, како и претставници од Британското министерство за надворешни работи – канцеларија за меѓународни операции и EXBS. Главната тема на оваа средба е подобрување на регионалната соработка на Царинските служби во насока на заедничка борба против шверцот, нелегалната трговија и организираниот криминал, со цел развој и унапредување на економската соработка во регионот, информираат од Царинската управа.

„Регионалната соработка е клучна во борбата против шверцот, нелегалната трговија и организираниот криминал. Она што денес е вистински предизвик за нас е да обезбедиме баланс помеѓу потребата од забрзан транспорт и олеснување на трговијата од една страна, и спроведување на ефикасни контроли за заштита на безбедноста и здравјето на граѓаните од друга страна. Остануваме и во иднина безусловно посветени на борбата против криминалот и корупцијата и ќе продолжиме со заеднички напори за придонес кон безбедноста и поддршката на легалната трговија, со што ќе обезбедиме забрзан развој и напредок на регионот“, истакна директорот на Царинската управа Стефан Богоев во воведното обраќање на состанокот.

На настанот присуствуваше и амбасадорот на Обединетото Кралство Метју Лосон, кој во своето обраќање посочи: „Обединетото Кралство е посветено на регионот и на соработката со Северна Македонија. Безбеден, стабилен и просперитетен регион подразбира посилни партнери за Обединетото Кралство со кои можеме да работиме заедно за подобрување на безбедноста и стабилноста, како и да поттикнеме подобрување на трговската соработка со Западен Балкан. Зголемената способност на царинските службеници од целиот регион да работат заедно за зајакнување на механизмите за гранична контрола и споделувње на разузнавачките информации на регионално ниво ќе помогне во решавањето на заедничките закани од сериозниот и организиран криминал, како и на економскиот криминал“.

За време на состанокот се разгледува напредокот во реализацијата на активностите за дефинирање на рамка за безбедна размена на информации преку SEED системот од областа на анализа на ризик, но и во размена на оперативни разузнавачки информации со цел спречување на шверцот, нелегалната трговија и организираниот криминал. Исто така, се дискутира и запримена на ефикасни мерки за спречување на корупција, како и за подготовка на заеднички проекти и идни активности на Царинските служби од регионот со цел олеснување на трговијата, унапредување на царинските постапки и економската соработка во Западен Балкан.

 

Tags: БогоевЗападен БалканЦаринска управа
Next Post

Повлечен предлогот Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставен суд

НАЈНОВО

Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

November 3, 2025
Скриншот

Нападот во воз кон Лондон: Персоналот кој се обидел да го спречи напаѓачот во животно загрозувачка состојба

November 3, 2025

Собранието ги очекува новите пратеници на местата на избраните градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk