Македонскиот амбасадор во Шпанија, Едмонд Адеми, објави дека на саемот за туризам „FITUR2024“ во Мадрид учествуваат шест туристички оператори од Северна Македонија.
„Денес во Мадрид започна меѓународниот саем за туризам FITUR2024. На саемот присутни се шест туристички оператори од Република Северна Македонија, претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и ТАВ Македонија. Предвидени голем број средби и можности за соработка. Македонскиот туризам е во раст поради сѐ подобрата понуда за која дознава целиот свет“, објави Адеми.
Тој истакна дека FITUR2024 е во првите три по значај светски саеми од областа на туризмот и делува како глобален барометар кој ги открива најновите трендови и промени во туристичката индустрија ширум светот. Разновидноста на учесници од целиот свет го прави ФИТУР сеопфатен приказ за иновации и дестинации во развој, вили Адеми.