ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

М-НАВ официјално доби ново раководство, Милан Кораќ претседател на Управниот одбор

January 26, 2024 10:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Нацоиналниот оператор за воздухопловна навигација М-НАВ и официјално доби ново раководство по инцидентот на 4 јануари годинава со упад во објектот и напад на вработени. Нов претседател на Управниот одбор и извршен директор во Секторот за воздухопловна техника е Милан Кораќ, а Хекуран Асани нов член на управен одбор и извршен директор во Секторот за воздухопловна навигација. Нивните имиња се веќе впишани и на веб страницата на М-НАВ, од каде потврдуваат дека вчера се заокружени сите процедури.

По инцидентот, постапувајќи по насоки на Владата Надзорниот одбор на М-НАВ ги разреши претседателот на Управниот одбор Фахрудин Хамиди  и секторскиот извршен директор. Владата тогаш даде насоки нов претседател на УО да биде Хекуран Асани, а Милан Кораќ секторски директор.

По владината одлука за промени во раководството на М-НАВ, Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), кој во изминатиот период реагираше за работењето на актуелното раководство на М-НАВ и спроведувањето на огласите за  вработување, ја стави во мирување одлуката за генерален штрајк.

За упадот во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Агенцијата за цивилно воздухопловство веќе го подготви прелиминалниот извештај од вонредниот надзор по инцидентот во националниот оператор за воздухопловна навигација во делот на обезбедувањето. Изготвен е конечен записник, врз основа на кој од 14 утврдени наоди изготвено е решение со наредба за преземање 11 задолжителни  мерки и активности со различен рок на реализација, што ќе биде дефиниран во корективен план што заедно ќе го изготват овластените инспектори во АЦВ со одговорните во М-НАВ. Има и прекршочни платни налози заради утврдена конкретна одговорност, со санкции кон фирма и лица.

Надзор во М-НАВ врши и Државниот инспекторат за труд (ДИТ), исто така по препорака на Владата. Првичниот надзор е проширен по претставки на кандидати кои се јавиле на последните огласи за вработување и имаат и анонимна претставка за синдикатот.

Tags: М-НАВМилан Кораќ
Next Post

(ВИДЕО) Ѓоковиќ елиминиран од Синер на Австралија Опен

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk