ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Промоција на „Последната мисла во универзумот“ од Валентин Нешовски

November 2, 2023 15:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, УМЕТНОСТ
Share on FacebookShare on Twitter

Вториот роман на Валентин Нешовски, „Последната мисла во универзумот“, во издание на „Антолог“ се промовира на 1 ноември, во барот „Глуво куче“. Романот на Нешовски го промовираа колумнистот на Фронтлајн, Бранко Тричковски и Тони Поповски, колумнист на Рацин.мк.

Како што пишува Рацин.мк, на самиот почеток на промоцијата Нешовски ја нави содржината на романот, истакнувајќи дека во сторијата – која се случува некои 5.000 години од сега, и се навраќа до денес – го „убил“ целото човештво, оставајќи само еден лик и неговата последна мисла. Таа мисла е родена во оваа ера на петтата индустриска (елетронска) револуција за која можеби и не сме свесни дека ја живееме.

Осврнувајќи се на романот „Последната мисла во универзумот“, Тричковски повлече паралела меѓу неговиот омилен автор Витолд Гомбрович и Нешовски. Тричковски посочи дека како што Гомбрович се пресметувал со „паланечка полскост“ на најголемите полски писатели, која не им овозможувала да се одлепат од националната трагична тема, така Нешовски во неговиот роман се занимава со универзални теми, бидејќи само на тој начин може да биде „ослободен“ од локалното.

„Жанровски, стилски и тематски ова е единствен текст. Во новелата човекот има околу 600 години да најде решение за брзината со која се шири вселената и која поради тоа што таа е поголема од брзината на светлината, ќе произведе тотален мрак. И човекот не успеал,“ вели Тричковски во неговата рецензија.

Нешовски работел како новинар во „Нова Македонија“, „Македонија Денес“ и „Денес“, уредник во политичкиот магазин „ЗУМ“, бил дописник на неколку странски медиуми, магистрирал меѓународни односи и режими во САД, а последниве десетина години работи како консултант за односи за јавност. „Последната мисла во универзумот“ е негов втор роман, по минатогодишната објава на „Една книга“, која е преведена на српски јазик, а ја очекуваат преводи на уште неколку европски јазици.

Next Post

ЦИВИЛ со остра осуда за нападот на Канал 5 против слободата на изразувањето

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk